другарче ср.

другарче (ср.)

Јас, другарче, многу добро те разбирам, Ти си Македонец, да?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таму тој учеше занает како и сите негови другарчиња.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И навистина, во малото десетгодишно девојче се зароди љубов и омраза кон едно свое другарче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Задоволни се од другарувањето со другарчињата од другите градови, а и чистиот планински воздух и сонцето ќе им останат во долго сеќавање.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Со него живееме, тоа ми е како другарче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Милка се наведна над клупата и заплака. Срам ѝ беше да ги крене очите и да ја погледне учителката и своите другарчиња.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На сите им е многу важно да се фалат пред другарчињата со тоа што работат татковците и мајките и какво училиште завршиле.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Наоѓаше другарче од средно, комшија од маалата или братучед на баџанакот кој е високо поставен во партијата која има победено на изборите. – Алек, ич не се изненадив кога ми рече дека тој ќе биде директор на секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Новото дете беше вистинско другарче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Штом го допи, издивна и се задиши како кога човек ќе се искачи на некој висок рид, но сепак радосно и гордо им рече на другарчињата: - Деца, испив десет шишиња!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Беше умрен таткото на едно нивно другарче од одделението, а оној што рече да дојдат можеби беше и нивниот учител, заминаа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ами ако разберат другарчињата оти за неа дојду?“ — се стресе и просто ги избегнуваше сите нивни погледи, плашејќи се да не му ги прочитаат во очите неговите мисли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Усети таа дека во младите детски души се зародила несвесна љубов, кога виде дека веќе место непријателство се разви вистинско братство меѓу нејзините деца и ова нивно другарче. Не еднаш таа ги виде заедно како си прикажуваат трите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На осумнаесетгодишна возраст го доби првиот велосипед со помошни тркала (неговите другарчиња одамна имаа научено да возат).
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ја праќаме ли со другарчиња на летување? Не.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Другарчињата на Клои се разбегаа низ училишниот двор и продолжија со своите палави игри.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На појадокот се натпреварува со другарчињата, ги брише чиниите, раководителот го пофалува.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А Белото јоргованче тагуваше и длабоко се каеше што не го послуша своето другарче, Синото јоргованче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И, додека го убедуваа неговото другарче од одајата, во која ЦИА перманентно го „труеше“ со боеви отрови вшприцани низ штекерот, тој ме влечеше во холот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Малечката Пелагија беше сосема подготвена и не ѝ се виде тешко што мораше рано да станува оти во училиштето ги наоѓаше новите другарчиња и насмеаната учителка која како да им беше мајка на сите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Повеќе