дружељубив (прид.)
Ако ви се сторил итрец – барајте го меѓу итрите; ако ви се сторил инаетчија – барајте го меѓу инаетчиите; ако ви се сторил шегаџија – меѓу шегаџиите; ако ви се сторил храбар, палавко или дружељубив – меѓу храбрите, палавите или дружељубивите.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Па, сепак, кои биле градишчани, ако морале да бидат уништени од Европејците, и ако односот на ковицата бил таков, дружељубив? Пријатели на Византија?! Еретици?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дружељубиви се, забавни, постојано насмеани, но и расеани.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Бетовен, општо земено, бил достапен кога не работел и секогаш бил добро расположен кон младите талентирани музичари, но вообичаено скромното мислење на Шуберт за себе, во комбинација со најдлабоката почит што ја имал кон Бетовен, биле доволни за да го одвратат помладиот човек.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)