друшка ж.

друшка (ж.)

Премногу често во животот ми беа друшки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Папсувам во потрагата по тебе... Оваа ноќ само залутаната месечина на палубава ми е верна друшка...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се смеам и за она „распуштеница“, а и за она гнездо од тутки што навистина го има на темето, ама се „увалила“, како што вели мојата друшка со два аршина за еден ист пример.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Господ на тие таквите му навева добри друшки, па и они си поминуат поарно од другите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нејзиниот начин на живот не дозволуваше самотијата да ѝ биде друшка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Оќете ли, докторе, да ми погледате стомак?“ - беше главното прашање на нашата друшка, која, поради нејзината дијагноза можеше да ни полни пластични шишиња со вода и да ни ги грее на сонце, на первазот од прозорецот, потсокриени со зелено перде... дел од ентериерот на просторот во кој живеевме.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се навикна на самотијата, која од поодамна ѝ беше најверна друшка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чана веќе знае дека нејзината друшка страшно страда, таа како да го прочита писмото пред да го отвори, та сонот не ѝ го кажа токму тоа?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Море, седи, ослепаго, како су чинила измет на ваа куќа толку години дури вие да се жените со браче Илка, ќе чина и сега, токо ние сакаме вие да си се удомите, да си имате друшки како шо си имате, а за измет — ќе чина гајрет дури да потпркне Ѓурѓа ошче некоа и друга година, па после и мене ќе ми се поолесне товарот!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И со тоа Доста го премести својот план на друга страна: да го брише еднаш за секогаш Крчето попово од умот и да и остави полна слобода на ќерка си, таа сама да си одбере друшка по нејзиниот ќев и волја.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Без друшки сум, сама не можам!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Тишината ѝ беше друшка. Сѐ беше тука.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стенка. Штом умираш, те напушта, Таа друшка немушта. Таа сенка.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)