друштвен прид.
друштво ср.

друштвен (прид.)

Татко ми никогаш не бил многу друштвен човек и кај нас ретко навраќаа негови пријатели и познати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Дали овие нови електронски медиуми ја играат својата иницијациска улога еднакво делотворно како постарите, потрадиционални друштвени мрежи, дали го шират или го стеснуваат достапниот опсег на квир- информации, дали отвораат нови описменителски можности или ги сведуваат геј- културните референции на ограничен збир стереотипи – сето тоа допрва ќе треба да се види.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
‌Но, ако геј- ослободувањето, кое во секој случај било склоно да промовира облици на андрогинија, не било одговорно за изумувањето на геј- мажественоста, во 1970-тите имало нови родовоконформистички стилови што се генерализирале и што станувале хегемонистички во машките геј- друштвени светови што се обликувале во велеградските центри на САД.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Многу од тие видеотеки во Сиднеј и во другите геј-урбани средишта досега веќе пропаднале: оној вид на општествено учење што некогаш го крепеле, сега го презеле интернетот и неговите страници за друштвени мрежи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие настани многу ги проширија можностите за машкиот геј- сексуален и друштвен живот, создадоа јавна, видлива, отворено геј- машка култура и изградија достоинствен, населив машки геј- идентитет, со што коренито, засекогаш се сменија условите според кои во САД ќе може да се живее машката хомосексуалност. ‌Моите геј- врсници се гордееја со својата генерациска различност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј- иницијацијата јасно изискува критична маса од упатен народ на едно место. ‌Со други зборови, степенот на геј- акултурацијата многу ви зависи од друштвената мрежа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие не беа некои особено друштвени луѓе од оној тип брачни парови кои постојано или имаат гости или се на гости.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)