дувало (ср.)
Од дувалото со векови избива сулфурна пареа и топла сулфурна вода која тече низ брегот и шири мирис на расипани јајца, на ќуќур.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ти се наоѓаше на брегот и со термометар ја мереше топлината на водата што излегуваше од дувалото.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се искачи на брегот да види дали од сливањето на дождот во дувалото ќе има поголема пареа и да види дали температурата се покачува.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И де ќе се појави во навалицата, де ќе ја снема во витлите, во дувалата и пак да ја исфрла на суво.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Луѓето постојано очите ги вртеа кон дувалото.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Рачката на дувалото стои тенка, јазлеста во полутемнината на аголот од оваа соба.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од земјотресот се разниша и брегот над селото, пукна нешто во него, и заедно со сулфурната вода и пареа што порано избиваше во неговото дувало - сега зафати да избива чад.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И постојано гледаат во дувалото. Дувалото е остаток од некогашен кратер, од некогашен вулкан кој во своето време бил активен, но се смирил, згаснал и создал околу себе плодно земјиште кое обилно раѓа сѐ.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тоа дувало силно, уривајќи ги дрвјата и куќите, но се чувствувало силно додека не стасало до една огромна карпа, која не можело да ја турне.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ти налутен, го фрли термометарот во дувалото, при што тој експлодира како бомба, направи цеп во дувалото и започна да излегува лава, да разлетуваат светли парчиња на сите страни како огномет; парчињата паѓаа и на тебе, но ти обземен од радоста, ништо не чувствуваше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Зад брегот се гледа еден дел од планината по која се издигаат огромни дрвја на бука, цер, благун, јаблан, сладун, и кои често го поземаат чадот од дувалото и го разнесуваат меѓу себе - траг да не му остане.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Стравот од беснилото и офтиката помина, и сега луѓето уште од станувањето наутро, очите ги вртеа кон дувалото.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Стишен и растреперен од гнев и слабост, со уште непритивнато негодување, но привидно скротен, се качува горе и дувалото започнува да работи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се исплашија луѓето и отрчаа на брегот, се искачија кај дувалото да видат што се случува, како дошло до избивање на чад. Гледаат како чадот излегува, се ежат, стравот им лази по коски, слегуваат од брегот исплашено, панично.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Започна и Тане да се поднапива, но често ќе претераше, ќе се напиеше преку мера и добиваше некој кураж, некоја сила, се качуваше на брегот одејќи и на раце и на нозе, доаѓаше кај дувалото, ги отпетлуваше панталоните и се мочаше кон него, викајќи: - Ајде избувни сега, мајчето твое!
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Јашмакот се колнеше во чеканот и калапите што го хранат; Милан куманџијата — во дувалото што го дува огнот за да се стопи среброто со кое ги посребрува павтите и скопците; Рампо чешларот — во биволските рогови од кои ги прави чешлите; Желче — во сите свои деца, макар да ја немаше уште видено мајка им; Даме кожуварот — во сите јагниња и брави, од чии кожи ги правеше кожувите, а Мамуд ковачот — во чеканот и наковалната, на кои ги шерпаше клинците и плочите за свадбарските коњи и магариња.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По некој ден пристигнаа стручњаци се искачија кај дувалото и зафатија со инструментите да ги мерат гасовите, отровноста, чадот, брзината, температурата, вибрациите...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Лазејќи, ја фаќа рачката на дувалото. Павлевата глава стрчи во темната дупка.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Понекогаш Мил низ прозорците ја гледа борбата на ветровите што често се собираат над селото да се бијат; се бијат, Северецот и Југот, Источникот и Западецот, а во таа борба понекогаш се замешуваат и помалите ветрови и почнува еден општ метеж, хаос; час еден ветер зема превласт, час друг; во таа жолчност се кршат дрвјата, паѓаат ќерамиди од куќите, се рушат оџаци, пукаат прозорците, летаат снопови 'ржаница, паперка; се откорнуваат фиданки, младици се витлаат, лисја сламки, пеплишта; фиукат ветровите, урликаат како дивина, се витлаат по земјата, се креваат нагоре, фаќаат широк простор кон небото, и пак се спуштаат над селото и над брегот раскинувајќи го и чадот од дувалото во таа нивна борба.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
По дувалото селото го нарекле Дувлец. Вулканот е обележан и во геолошките карти на она место каде што се сечат 21 степен на Источната географска должина и 41 степен на Северната географска ширина.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)