дувло (ср.)
- Местото било дувло на добро ситуирани госпоѓи, кои давале многу парички за добар млад пастуф кој може да им исполни разноразни желби.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Од ова волчо дувло и Господ поодамна ги кренал рацете.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сега многу се тие кои ја посетуваат пештерата која од некогашно мечкино дувло, денско живеалиште на лилјаците и пајаците и седиште на мракот и несреќите, стана туристичка атракција...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ги запознававме природата и општеството. - По прчварници трујачници, по мечкини дупки и лисичини дувла. По ќумези без ќеневи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога во ровот завладеа црнина - таа се осмели да се исправи и виде како од своите дувла излегуваа момчињата и девојките и опиени од свежиот воздух легнуваа на земјата изорана од гранати.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Аскетското дувло го претвори во пријатно одајче.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Духот на дувлото, племенскиот и патријархален менталитет, поддржани со силата, ја одредуваа, ја одредуваат и уште долго ќе ја уредуваат духовната клима на нашите градови.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Живеалиштето ѝ личеше на змејско дувло, не копано, туку соѕидано од тули од кои раснеа кисели дрвја, боз и трње.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Молчеа така со поглед одпредметувајќи ги облиците, наслушнувајќи ја стварноста, сѐ до утрото. Во мугрите излегоа од дувлото.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И идат некои оси и некои стршни и некои пеперуги и коњски муви. Сѐ тргнало по нас, сѐ бега со нас, кон шумата. Ги оставаат седелата, дувлата, осарниците, дупките и сите идат по нас.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Откако добро се најаде, си се врати во своето дувло и го посматраше од зад една грмушка лесноумното кутре како талка и пати осамено.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Страв и восхит
Претпоставка:
Македонскиот крал
премногу го сакал светот
и премногу можел
и премногу претчувствувал
немал време, хронично немал
но сепак доволно
за да ги поремети
дозите предвидени за рамнотежа
на Просторот, и самиот
без смисла за умереност
- хармонијата е нешто друго, сосема
само предозирана волја, отровен концентрат
само неповторлив порив, рев по далечното
- туѓината како вечно искушение!
само силна страст по странствување
per se, дури и во јазикот
само вродена дарба
да и’ се тутне на смртта
грациозно, пагански
под здолништето
додека Оваа си игра
божем случајно
криенка-миженка
митска мижитатара
само сензибилитет за походи
општа хиперсензибилност
- просто да се спростре
врз далечниот Исток
ко полна месечина на полноќ
- просто да го освои светот
како туѓа жена
со чувство на нелагодност
а забраната стимулира
срна истрчува на пусија
во заседа, балканско дувло
империјална глутница
избришани, заташкани траги
имагинарно писмо
толку голема моќ
што се втиснала во потсвеста
за век-и-веков
жиг на восхит и страв
од повторување
од повторување
на судбината...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Во Зоолошка немаа што да јадат, но затоа сега јадат тртушки по медиумите - им возврати Метакот атакувајќи кон нивното сурушко дувло.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
И не можам да се начудам како тоа нашите луѓе се во состојба дури и на другиот крај на светот (опкружен со светлечки реклами и блескави локали) да ги откријат најтемните дувла и со огромен мерак да се нурнат во нив.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
И каде тргнала? Да бара дувло за да биде сама?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Нашата печалба некако стасуваше да се преранат браќата; продававме лилјаци уловени со мрежа в дувло, носевме крст на покопите, некои крадеа, некои веќе питаа по гробиштата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Чаршијата и така е терезија на слабостите човечки, на мајтапи и подбивки, ама и дувло на божемни силници кои дома тенко предат како мачори.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Мајката, лошо време. Ниту волк по вакво време од дувло муцка не помрднува...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)