дует (м.)
Тогаш ранобудните петлиња долетуваа до врвовите на минарињата и оттаму пееја ли, пееја во дуети со оџите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
По некое време и домаќинот ја зеде неговата гитара и во дует со синот продолжија да пеат.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Во текот на еден љубовен дует на самата сцена и на двајцата им станува јасно дека нивната љубов всушност никогаш не згаснала, напротив, новата средба само уште повеќе ја разгорува.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Сакајќи да ѝ остане во сеќавање овој посебен ден во нивниот живот, тој почнува да пее песна за неа, на што таа се надоврзува и завршуваат во дует: „Ох, љубовта е толку слатка напролет, кога две срца пеат во мај....мила, мила, мила, ќе ме сакаш ли некогаш?
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Сто вакви реферати и победата е наша, занесно продолжи татенцето, како во дует да говореа со другарката Оливера Срезоска.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)