душман (м.)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А кој верувал некогаш дека и со душманот од иста чаша ќе пиеш вода?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се грчел и се обидувал, згрбавен и сличен на голема желка фатена во круг на пламен да се извлече од својата несреќа и да ја види крвта на душманот пред неговата да истине во жедните пори на збрчканата земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Па и откако ќе ја пресече душманот сакам таа да лежи во оваа земја што се напои овие дни со толку маченичка крв.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во густините на подземниот чад се извеле од купови јајца срдити скакулци да ги мачат безбожниците сто педесет и пет дни; главите им биле душмански, со женски коси и со ѕверски заби и имале скорпионски опаши со отровни жила: луѓето ја барале смртта и не ја наоѓале, и сакале да умрат и смртта бегала од нив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А и некој простодушен народ сме: не сакаме и со душманот да се замериме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Најмногу ги споменуваше душманите, мислејќи на Турците и на Фанариотите за кои дури подоцна разбрав оти тие биле грчки попови и гркоманите.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Но сега, повикувајќи ве да истраете во битките свои и да не потклекнете пред душманите што сакаат да ве нема од земјата ваша, сакам да ви го кажам ова: блажени се оние што го љубат името свое, та со делата свои го воздигнуваат, оти така го слават и Бога што тоа име според волјата своја им го дал.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ќе дојдат ли со вас и мнозина пљачкаши стрвни, - вас ќе ве дочека смело, со божјата помош во борба со душмани крвни в крв ќе запечати дело.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Навистина, за мене би било многу понизно да земам жена и се сродам со еден мој крвни душман.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
За тебе слушнав од душмани твои фалби што тебе те слават..
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Сега е полесно. И душман да имаш за другар е полесно.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не гледајте во небесата со гневни солзи во очите, не молете се вашите душмани со ровја и чума да ја сетат силата Божја!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Во матната сум, велам и тоа што го правам и душманот да не го прави.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Така, синко, да ми си прокопсан да не ни се ситат душмани.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Тогаш сфатив што сакаше пред стемнување да ми каже Арсо Арнаутче и сфатив дека не можам како Никола Влашки да се пикам по голото старче во огниште и да се покривам со пепел и со надеж дека ќе си поживеам незабележан од душманите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и
ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со
нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни
човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас,
вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме
ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој
остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали
се англиски или грчки,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Душманите ја држат нивната снага само однадвор, а до она што е внатре имаат ли моќ да допрат?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тогаш, бездруго, ќе започне огнот да гори, а душманите ќе гледаат отстрана и ќе се ситат, ќе уживаат кај што ќе се черечи брегот, кај што ќе се распарчува...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
НАДЕЖТА: Дали ти судбино, душману на човечкиот род, го оспоруваш моето постоење и дали оспоруваш дека кога човекот го крои животот – го учи моето кроење?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)