евангелист (м.)
Во Корча имаше евангелисти, потоа унијати и многу други секти од трите главни вери, но сите се најдоа под ударот на нашата атеистичка револуција.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Најголемиот дел од Германиците по вероисповед се евангелисти, а помалку има римокатолици, па затоа овде има и многу евангелистички цркви.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Старецот ја држи в раце свештеничката капа заедно со килибарните бројаници, додека ветрот му ја развејува проретчената коса полека отплетувајќи му го врзопот од долгите бели коси, што лабаво му трепери на тилот. „Одете оче, засолнете се во пристанишната зграда, ќе Ве повикаме благовремено”, му рече Лука Карер на старецот во чии раце беше крстен во црквата на Св. Дионисиј, заштитникот на островот, добивајќи го името по својот дедо, но и според еден од четирите евангелисти.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)