еволуција ж.

еволуција (ж.)

- Би можело да се рече – ја прифатив иронијата. –Човековиот живот е несовршен, докрај неразјаснет, неговата еволуција незавршена.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се обидував да си ја дофатам опашката и да ја гризам, но не можев да ја дофатам зашто, за жал, немав опашка, ми ја скратиле славната еволуција и оние, таканаречени, културни придобивки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Инаетот повеќе може да се насети во човековиот инстинкт, во делот на неговата анимална природа, недовршеноста во еволуцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Заштитата на козата за татко ми беше еден од најчудесните феномени во човековата еволуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се внесов во глетката и во овој едноставен одвивачки образец на космичката еволуција кој претставуваше вистинска историја на човечкиот род.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Додека пак личниот развој на секоја личност, како посебна планета во просторот на космосот, се открива преку анализа на сопствената еволуција како личност.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Борбата со трите балкански држави не им противречи на нашите интереси, кои се достигаат и со револуција и со еволуција2, или постепено развивање на нашиот народ во морално-религиозен правец.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Човековото општество достигна точка на пресврт со делувањето на дигиталните програми на еволуција, точка во која следните еволутивни чекори на видовите ни стануваат очигледни, можеме да сурфираме по желба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
2. Поимот „еволуција” во речникот на Мисирков и на неговите истомисленици означува програма на „новото движење” што бара првин национално обединување и изградување на македонската национална свест на народот поделен од пропагандите, оневозможување на туѓинското мешање во Македонија, развивање на самостојната македонска култура, јазик и црква во рамките на Турција и под контрола на големите сили, па дури потоа полно политичко ослободување од Турција и создавање независна македонска држава што може да се вклучи и во разни видови федерации или конфедерации на Балканот или меѓу јужните Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас, воопшто, болката ја ценам за најнеморален белег низ еволуцијата на човекот; за најпонижувачки симбол на човековата автентичност: Бев опседнат од овие страдања и сам во ретки мигови јас се префрлав на теми и поинакви од оние кои ме измачуваа.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Феудалните јазици не даваат зборови или знаци што го поттикнуваат, толерираат или барем спомнуваат поимот еволуција во животот на земјата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога на патот на органската еволуција стана очигледно дека мутацискиот процес неизбежно ги разградува физичките и невролошките врски што ги поврзуваат припадниците на една генерација со минатото и неизбежно ги насочуваат да преземат посебна и рамноправна позиција меѓу другите видови на Земјата, со која Законите на Природата и Природниот Бог ги дарува, сериозната загриженост за хармонијата на видовите бара да се утврдат причините за мутацијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сето тоа со текот на еволуцијата се усовршува, па доаѓа и до развивање на уште повисоки мозочни функции.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
До топло мало тело,се стискам и се молам, да помогне светот, да помогне природата, еволуцијата и старата куртизана Европа, да нема веќе мака и тага за овој народ кој приказни слуша.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Посебно неговиот Кирилов од романот Зли духови, заговорник на тезата за спасот на човековата душа низ апсолутното почитување на законитостите на еволуцијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Уметноста е секогаш во амбивалентна врска со еволуцијата на свеста.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Неговото залагање за природната еволуција, за откривањето и изучувањето на нејзините законитости на Балканот, наликува на една од многуте илузии, толку чести кај многу автодидакти интелектуалци на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој ги бранеше обидите на фундаменталистичките христијани да имаат своја верзија за создавањето која ќе се изучува паралелно со теоријата за еволуцијата во јавните училишта.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фаик Коница со уверливи аргументи, достојно ја бранеше еволуцијата на природните јазици стари со илјади години, имајќи го предвид својот мајчин јазик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И токму во тие години, но и порано, се сопира природната и социјалната еволуција на детето, радикално му се сече потеклото, семејната врска, му се менува религијата од христијанска во муслиманска, се станува целосно зависен од Империјата, посебно од императорот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе