еврејство (ср.)
Нашите родители, доаѓајќи во Виена, имаа решено, како и многу други Евреи во градот, да им го пренесат еврејството на своите деца само преку крвта, но не и преку религијата; се надеваа дека тивката асимилација и сочувувањето само на невидливите белези на нашето потекло – оние кои се во крвта - ќе направи да бидеме рамноправни со останатите граѓани, а самите тие остануваа во својата вера онака бесшумно како што татко ги изговараше зборовите додека гледаше во „Талмудот“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тогаш Корец почувствува дека е време да го активира знаењето стекнато на високите рабински студии, неговата реторичка вештина со која владееше врвно и која, знаеше, имаше сила да поведе колку и да заведе: „Мој сон е, учителу, конечното остварување на спој меѓу одамна поделеното западно и источно еврејство, големата унија што ќе нѐ сплоти во единствена нација, во нацијата на одново собраниот Израил”. Погледот на Апфелблум се спитоми.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Татко имаше во својата библиотека повеќе книги кои се однесуваа на Евреите и еврејството, беше обземен од нивниот повеќемилениумски егзил, од нивните апокалиптични страдања, посебно од инквизицијата, холокаустот и невините повеќемилионски жртви во концентрациските логори на смртта.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога Хабермас нпр. зборува за мојот еврејски мистицизам, тој се повикува на една американска книга на Сузан Ханделман, која во моите очи без сомневање е занимлива, но мошне проблематична во врска со тврдењето дека јас сум загубениот син на еврејството.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ми недостасува време да ви предочам, сонародници мои, каков криминалврз германската уметност си дозволиле овие мангупи по налог и претходницата на меѓународното еврејство.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)