егзистенцијален (прид.)
Ќе ти влезе во свеста
ќе ти се пикне под кожа
ќе забега во зоната на интимата
и оп, еден ден ќе му појде од рака
да го состави она што ти си го скршила
да го препише она што ти си го избришала
да го ископа она што ти си го потиснала
длабоко во тебе, со луд ум на лавина
да го открие она што си го забранила
за јавна употреба;
ќе ги размрсува и повторно
ќе ги замрсува знаците-јазли
на твојот личен и на
македонскиот синдром
ќе си поигрува со преобразбите
од дамнини до иднини
од лично до колективно
ќе ги претвора софистицираните искази
и поетските евокации
во егзистенцијални слики
за да ја долови речито сочноста
на твоите исконски мори
на твоите детски занеси
на твоите судбински
застранувања;
можеби ќе те надмине
со помош на вродената
смисла да глуми
да ја игра улогата на другиот
да се губи во другиот
небаре голтнат од ништото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Егзистенцијална фалинка.
Животот се добива на попуст
на крајот од сезоната
краткотрајна
како поларна светлина.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Притиснат од егзистенцијални проблеми и согледувајќи ја целокупната ситуација во Македонија на полето на „пазарот на труд“, како и многу други кои се приморани да донесат дома нешто за јадење – Јакшиќ, со своето тукушто формирано семејство, во 2002 одлучи и започна да работи во споменатата градежна фирма како општ работник – непријавен и без никакво осигурување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Од интимно исповедните ноти како продукт на човек кој припаѓа на редот на авторите во егзил (од 1938 година ја напушта Романија и живее во Франција), она што ми остана во трајно сеќавање е ламтежот од натисокот на проблемите од егзистенционален карактер.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Твојот пат е
твојата светост.
Твојот пат сочинет од
име и идентитет
и другите
подзаборавени
потценети
распродадени
за туѓ ќеиф, по сопствена вина
- доблести и добра
сега и материјалните
територијалните
егзистенцијалните
сѐ
за да бидеш
и никој, и ништо
и да се рассееш
по светот
БЕСТРАГА, НЕВРАТ
ЏЕНЕМ, ПО ЃАВОЛИТЕ
надвор од јазикот...
Но твојата трага
- длабоко втисната
тетоважа
на светот -
не е само твоја.
Не скршнувај
од својот
Дом
народе мој!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Главната финта беше да се одговори на длабокото егзистенцијално прашање - што сакаше писателот да каже? Набрзина ќе објаснам.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Среќавањето на релевантни дела во таканаречената медиска уметност ни покажува дека се тоа дела кои ги демонстрираат начелата на квантната механика (претставувањето на објектот е зависно од посматрачот, незабележените објекти не се обработени како вистински работи и случки, туку како склопови од флуктуирачки можности), ја земаат предвид новата структурираност на сензибилноста и нејзината комплексност (воведување на тактилниот осет), ја демонстрираат нелинеарноста (егзистенцијални, случајни навлегувања во системите) и го нагласуваат естетското начело како мерило на новата научност. што мислиме со следново?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Имено, кај нас постојат недозволиви случаи на секоегодишно, па дури и полугодишно или квартално, менување на носечките закони кои треба да се „столбови“ на оваа мошне сензитивна егзистенцијална област, и тоа по неколку пати; а, од друга страна, не тече паралелен процес на редигирање и изготвување на официјални пречистени законски текстови на законите кои се рогирани [изменети и/или дополнети] и по повеќе од десетина- петнаесет пати!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но јас не само што го изневерував татковиот непишан животен диктат, туку бев длабоко замешан во глобални спорови меѓу етнички идентитети, идеологии, егзистенцијални ситуации.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ако уметноста - според Ваисхедел - ја има смислата на откривање на метафизичкото, овие егзистенцијални одредувања покажуваат дека класиката и маниризмот навистина во една „двократна“ смисла ја прават видлива реалноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Да се третира неавтентичноста што му е вродена на секој општествен израз на чувство како нешто помалку од трагично, да се одбива да се види во неа нешто помалку возвишено од грепкање по границите на смртноста, значи да не ѝ се дадат нејзиното целосно човечко значење и нејзината целосна човечка тежина, да се одбива да се признае како она што трагедијата тврди дека е: имено, погубен знак за длабокиот и болен расцеп што машката кавга со небесата или со таткото го отвора во самиот поредок на човечкото значење – симптомот на егзистенцијална криза што ја доведува во опасност самата општественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Судската постапка траеше до март 2001 – т.е. околу една година, што прилично долго време за еден работен спор кој по дефиниција треба да биде „итен“ бидејќи 162 се работи за круцијално егзистенцијално прашање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во оваа смиспа тој не пишува за да ја замени својата жива реч туку поради тоа што постои несовладлива разлика меѓу човекот и напишаното: тоа е, пред сѐ, големата, егзистенцијална оддалеченост меѓу него и - записот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Егзистенцијалната промена на субјектот во проект не е последица на некоја „слободна одлука“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ти си се трудел да ги бележиш настаните што се покажале како важни, дури и клучни за животот на твоето семејство (најчесто него го атрибуираш како емигрантско и балканско), но и да ги профилираш неоспорните протагонисти на тие настани: Твоите родители есенцијални, морални, егзистенцијални и (оттука) творечки, естетички вертикали на твојот свет. Не само литературен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сето она што му припаѓа на егзистенцијалниот безизлез, стеснетоста, метафизичкиот егзил, паганскиот восхит, а особено поимот самоубиство, го наоѓаме веќе во првата негова најлуда книга.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)