единец (м.)
Во тие информации се истакнувал и потпишаниот договор меѓу Тито и отечественофронтовската Влада на Бугарија за вклучување на бугарските единци во операциите за ослободување на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Она што во меѓувреме успеа да го дознае за тој крлеж, го дотепа: дваесет и две години, единец од богата фамилија, декоратор на излози по модерните дуќани, проследен со невнимателни озборувања за неговата бисексуалност и добро втемелениот углед на платен утешител на омажени госпоѓи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На Ратка Мајка како мајка: и на јаве и на сон севезден ги распетлува јазлите на судбината - тагата ја обликува во скулптура на молкот а сиот вишок светлина му го испраќа на синот единец во туѓина, да му се најде.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Синот единец во Прага севезден ја слуша „Само дома си е дома“. Ние омлитавени родители во Скопје севезден ја слушаме „Влтава“. Така некако изгледа музиката на двојната тага.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тогаш како сонцето да го раѓаше својот син единец! Се создало светлина...
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Дедо, неговата жена, синот единец, а и некои од соседите, на лето, снагата си ја абеле до немајкаде кинејќи го, а потоа и нижејќи го.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Збогум, дечиња, што не можев да ве родам, братчиња што не стигнав да му ги подарам на синот единец, вие ќе ми правите друштво во оваа темнина која ќе ми служи место гроб и каде што простум, и без сон, ќе останам до Судниот ден.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Беше дојден од Загреб нејзиниот син единец кој беше познат новинар и странски дописник.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Не можеа да поверуваат дека нивниот син, нивниот единец, повел со себеси жена од далеку, од туѓа земја.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)