еднина ж.

еднина (ж.)

Не исклучувај го првото озлогласено дехидрирано лице еднина, но можеш ли да бидеш лична и во туѓо име, да имаш царска Ние-тага избегнувај го, во формална смисла на зборот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ова мора да биде разговор меѓу мене и тебе, затоа раскажувам и понатаму во прво лице еднина („Јас“ си Ти, и јас!): најдена среде ѕидините на манастирскиот двор излегов од себе, негде вон, неволно и брзо-брзо се прибрав како зрна жито расфрлени за колвање збирај-збирај, не се дособира!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во прво лице еднина, изворно ќе ви го раскажам испитот...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој јазик имал седум падежи за еднина, множина и двоина (дуал).
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не постои Бог (еднина) вон тебе самиот во одреден момент.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
— Ќе зборувате само во еднина, ме опоменува Пенделеев.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Множината бргу станува еднина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Транскрипција и транслитерација на туѓите имиња ● ● ● ● На пр., Ἀντιόπη (Antiopā) – Антиóпа, Ἀστυόχη (Astuóhā) – Астиóха, Κλεοπάτρη (Kleopátrā) – Клеопáтра, Φαίδρη (Phaidrā) – Фајдра.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Сам, со неколку телефонски повици оддалеку пишувам во прво лице еднина против трето лице множина.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Основната единица е во еднина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)