еквилибристика (ж.)
Му препуштив на Земанек да ѝ објасни; тој рече дека од раѓањето сум талентиран за еквилибристика, односно за акробации во кои најважно е одржувањето на рамнотежата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И јас, без да бидам свестен што зборувам, кажав нешто што и ден-денес не можам да си го објаснам; од каде дојде таква луда идеја кај мене, идеја за која никогаш претходно не сум размислувал, ни близу умот не ми била, а ја изговорив (да не се тоа остатоци од некои мои претходни животи?); реков: „Во паузата би можеле да изведеме една мала, лесна циркуска еквилибристичка точка“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И навистина: Луција од мене бараше да бидам циркузант не затоа што таа, туку нејзината Партија го сакаше тоа; Ина бараше од мене да бидам кловн (со видлива дарба за еквилибристика) не затоа што тоа ќе ѝ донесеше поени во циркусот, туку затоа што таа уживаше во моите глупости; се смееше како никогаш ниедна жена на светот; се смееше како што Луција, мојата Луција никогаш не се смеела, не се смее, и ниту не ќе се смее, иако според својата судбина требала да се смее, што не би можело да се рече за судбината на Ина; и јас реков: „Со задоволство, Ина. Со задоволство ќе го сторам тоа.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Инаку, како беше можно да се објасни еквилибристиката на шеесетгодишниот алкохоличар Роналдо Гонзалес, кој одеше на една нога по жица, со жена на грбот, или трапезистичките точки на Ина и Светлана Коленина, вратоломните фигури на групата акробати од Латвија, или пак фигурите на жената од гума – Аманда Заморано, што можеше да пуши цигара со нозе, и тоа свиена во половината преку грбот, легната на стомак?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Некаде пред зори, замолив да влеземе под шаторот и да ми најдат една скала (донесоа една прекрасна, алуминиумска скала, одлична за еквилибристика); им ја покажав мојата циркуска точка со Петрунела, љубовникот и мажот со рогови; тие се смееја до бесвест, бараа да ја повторувам точката, и на крајот, Ина рече: „Зошто не ја изведеш таа точка неколкупати, додека сме во градот?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)