еким (м.)
Најверојатно познавал секакви пијачки и напивки со кои се пречистувала крвта и секако по несреќа залутал меѓу шуплоглав свет што не можел да сфати дека по такви екими каков што е тој копнееле далечни калифи и нешто поблиски везири.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Доаѓале баби треварки и белобради екими да ги лекуваат со секакви илачи, со тревки во јазовчево масло, им обесувале на врат лилјаци заклани со златна пара, ги прскале со крв од бели врани.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мојот еким ми советува капење во тамошните топли бањи поради ногава, ама уште не сум се решил.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мојот еким Ибраим-ага вели дека ми е крајно време да одам таму. Водата била топла и многу лековита.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ѝ дојде дури до обравчето, под обетката. И сега ја носиме по еќимки, по бајачки. Ја бараме. Врват патиштата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Да те однесиме во Битола, велам, дошле нови еќими. Од Русија пребегани, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Денес без специјализација со оваа диплома ќе си останеш лекар по општа практика, што ќе рече селски доктор, да не речам еким.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Решил султанот да го модернизира царството и од секој вилает да прати по пет млади луѓе во Франција на студии: еден да стане еким (лекар), еден писар, еден професор, еден судија и еден ајвандоктор.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мојот еким, оној шејтан Ибраим-ага, ја мачкаше со масла, со ума, ѝ читаше од Коранот, ама кожата се збира.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А! Уште еднаш со ум ќе фаќаме работата, еќим ефендија! — одговори Суло за сите тројца и тргнаа да си идат за Ерековци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ни сокот од портокали, ни сувото грозје, ни скапоцените јадења готвени од најдобрите готвачки, ни турските, дури ни виенските еќими не можеа да ѝ помогнат на момата, да се поправи и да го измени своето мртовечко бледило од лицето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но каков еким ќе побара и ќе најде Спиро Православец?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Твоите екими можат да исцерат и ранети нозе.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)