екстерминација (ж.)
Лукавствата на власта остануваа без ефект и се пристапува кон финалното решение: екстерминација на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во романот Времето на козите, екстерминацијата реализирана од општинската хиерархија, ја претставува суровоста на власта наспроти невиноста на козите и нивните козари.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како што во Америка опстојува примитивната сцена на „фронтиер“-от на слободата, на енергијата и на оперативноста, овде се овековечила спротивната примитивна сцена на жртвувањето, на апсолутниот очај поради освојувањето, очај кој преминал во вените на целиот народ, од вените на Индијанците до оние мелезите и на крај на целото население, вклучувајќи ја и белата раса, очај кој како да признава дека овој континент е безнадежен и осуден на скандалот на екстерминацијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)