елемент (м.)
Во истиот период можеше да се забележи засилена употреба на турцизмите во основа од оправданиот и благороден стремеж да се истакнуваат елементите од народниот јазик, особено во стилската интензификација во некои книжевни дела.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Можеш ли да ми одговориш, се сврте тој кон мене, кое било првото прашање што си го поставил Адам кога се нашол во надворешниов свет во кој ќе треба самиот да одлучува а притоа не му се дадени или нема при себе никакви упатства и елементи што ќе му помогнат да донесува одлуки што ќе го поведат по вистинскиот пат?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Околностите создаваат културна и национална близост меѓу луѓето и околностите ги раздвојуваат роднинските елементи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Србите не ја достигнаа крајната граница на нивните стремежи, но достигнаа таква граница од којашто вистина не може да се оди понатаму, но којашто може да ги успокои поумерените елементи во српското општество и народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Природно е дека ќе ги употреби Грција сите дипломатски патишта за да се задржи во Македонија на тие позиции, каде што се наоѓа од средните векови, особено од времето на турското завладување на Македонија, а грчките интереси во Македонија се бранат не од една Грција, а и од големите сили што не сакаат да се засили словенскиот елемент.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Билбордите не се пасивни елементи во урбаниот пејзаж; тие активно го мамат окото и имаат тенденција да доминираат со визуелното поле.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Не беше заинтересиран за каков и да е природен феномен, ниту за спектарот на кој и да е елемент.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Но џинот беше станал елемент во кој тој пливаше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Овде Њуман прави дистинкција помеѓу проценка базирана врз чисто академски критериум и проценка базирана врз други елементи, сакајќи да укаже на тесната поврзаност на проценката со културата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сеедно од која поставка ќе тргнеме, нам секогаш ќе ни недостасуваат повеќе елементи за попрецизно да се определиме за која ѝ да е дефиниција за поезијата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Попримерено е да се протестира против уметничките експерименти во едно време во коешто германскиот уметнички живот речиси исклучиво е одреден со манијата на експериментирање со елементи коишто расно и народски се туѓи и со тоа го оптоваруваат и компромитираат германскиот уметнички углед пред целиот свет.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Националните елементи, според неговите опсервации, не биле вклучени во борба „се држат по страна и чекаат“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Од горенаведениот законски текст можеме да нотираме три негативни елементи, кои во иднина би можеле штетно да се одразат врз правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со оглед на фактот дека во претходната тродимензионална ера владеело светото тројство во кое спаѓаат отецот, синот и светиот дух, сега се додава четвртиот елемент, а тоа е мајката.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
2. поплава Далечните нѐ уморуваат Доаѓа елементот Па меѓу многуте искривени и тесни брегови на прозорците водите брзи течат жолти итаат и ги прескакаат невидливите и сиви препони на дните Па штом ќе се сетат на своите гради зелени горди како млади жени ги минат оградите на замислените брегови
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Можеш ли да му ја поматиш верноста
кон земното, додавајќи знак по знак
откривајќи ги срамните делови
на твојот систем
загадочниот метод
небесниот свод- дом
за да може да оди по истиот пат
и да стига до истата цел
човекот, оној кој над црната точка
стрепи по сличното, од различното стрепи
спојува еден со друг:
еден и еден, два со два, седумдесетидва
името го дели на четири
елементи – I.H.V.H.
тетраграматонот го врти, го враќа
ред по ред реди
вистината на скрбта ја учи
завист и суета, суета и завист
сѐ е бесценет камен, а број
свет и сила
равенката меѓу нив се припикнува
како вода меѓу шуплинките во карпата
како зрак во мрачна капела
бели точки на црна површина
поделена на две:
еднооко човече
дворог Пан
троока нимфа
четириаголен круг
пирамидална петка
црно на црно
расфрлан, разигран
Ум на Светлоста
Умна светлост.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Воздухот е елемент кој сите ги збунува.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Главните елементи на јазикот или човековиот говор се: органите за говор, нивното физиолошко работење, слухот, психолошкото воспримање на физиолошкото работење на органите преку слухот и присоединувањето кон восприманиот резултат на физиолошкото работење на органите на говорот или гласот или зборот, некое значење.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Биографските елементи на секој човек се резултат на неговата чувствителна и разумна природа.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)