елече (ср.)
Јас уште ги носам гаќите и елечето од црвената свила што ни ја подари македонското друштво од Софија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го носи истото капче од кучешка кожа, а имитирајќи ја газдарицата Хера, стави и елече од кучешка кожа, обу и чизми и внатре забоде камшик со кој плуска кога го дресира или кога сака да го смири, да му оди по волја.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Дојдов до елечето и гаќите, уште тие се на мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По неговото заминување, нејзе повторно ѝ се поврати главоболката, нервозата, несоницата и одново полнејќи се со јад и гнев, фрлаше искри од очите, крикаше како птица грабливка, се загалцнуваше на пола збор од лутина и сѐ повеќе го повраќаше поранешниот изглед и држење облекувајќи се во панталоните и чизмите, во елечето од кучешка кожа и плускајќи со камшикот и сѐ повеќе стануваше несреќна и зла.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Се направив помала, што се вели, и ги слеков гаќите и елечето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Секогаш носеше панталони и високи чизми во кои имаше пикнато камшик со кој плускаше по кучињата за да ги смири, а често и без потреба плускаше и низ просториите на Пансионот; носеше елече од кучешка кожа со црни и бели дамки што беше упадливо од далеку; во џепчето носеше шишенце со мирис со кој повремено се стркаше штитејќи се од реата на кучињата; косата секогаш ѝ беше врзана одзади во опашка која при одење ѝ се мавташе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ајша почна прво со облеката: – Види што елече ти купи кадијата? Ами димииве, појавчево – чиста свила и срма.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ќе ги препознаете по тоа што имаат кожни елечиња со многу нитни, пеес тетоважи (од ѕивана на Харли до ЧеГевара и Богородица), им фалат минимум осум зуба, немаат шишки, но затоа имаат џигерици за (страхо)почит.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
„Штета... Седнете, отпетлајте ги елечињата на градите: ќе ви испукаат гулабиците внатре затворени...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
— Што? — Бараат да се смените, ми кажува Наталија. — Што бараат? — Гаќите и елечето, вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)