елка ж.

елка (ж.)

Дедо Мраз со санка и шишенце КОКА*КОЛА еквилибрираше по падините на покривот и се цедеше во длабочините на олуците и по рабовите на оџаците плашејќи се да не се стопи како дебела илузија додека во подножјето на елката од пластика и трепкалки ги паркираше шарените пакетчиња од фабриката за евтини чоколада вафли и бомбони небаре е нејзин трговски патник а не црвен исполнувач на желби ***
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Се слушна топот на коњски нозе - од другата страна на полјанката се подраширија гранките на елките и боровите и од нив излегоа тројца коњаници вооружени до заби со пушки, пиштоли и остри ножеви.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ја фатив за рачето и си појдовме дома. А таа беше молчалива и тажна. Тагуваше за отсечените елки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во скицата за паркот, освен нови - кедри, туи и елки - ги вклопив старите околни дрвја, оние што можеа да се одберат и да се искористат, како и сегашната жива ограда од кленики скраја подолу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бев бесна и лута на целиот свет, но повеќе не е важно кој е крив или можеби никој не е крив, свеќите на божиќната елка повторно некаде ќе се запалат и мирисот на дивите костени ќе биде посладок од кога и да е порано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
В не веруваше во Дедо Мраз ниту кога беше дете, иако секоја Нова година наоѓаше подароци под елката.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Но, меѓу сите овие шарени дребулии, најубав беше чоколадниот Дедо Мраз што децата го ставија под елката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А Рада кршејќи го своето тело како зелена елка на ветрот ги кршеше срцата на сите во училиштето, но и на оние кои го беа изодиле тој пат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога влеговме во нашиот двор, таа застана и ми го рече она што го мислеше цело време: - Сакам да посадиме во дворот жива елка!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И појдовме. Елките се продаваат во еден широк двор.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Навистина, ние правевме пикник под вистинска елка, играјќи чудна игра која дедо ми ја нарекуваше „одбројување“ и во која секогаш морав да го прашувам за часот, а тој да го одредува правецот и чекорите кои требаше да се направат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ете на пример, ближат празниците, па вака незаштитената шума е лесен плен за несовесни луѓе-нелуѓе, крадачи, арамии“ - возбудено брзаше да дорече Ивана „ да речам - разбојници - сечат елки, борлиња, дабови гранки и сето тоа го продаваат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но, кога утредента децата од сета зграда дојдоа под шарената елка, видоа дека големиот Дедо Мраз од чоколадо ја нема својата нога!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ние не сакаме сечена елка. Ние ќе си посадиме во дворот жива.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Градските татковци навистина се погрижија плоштадот и улиците кон него да бидат раскошно украсени и осветлени, а сред плоштадот - извишена елка светкаше во различни бои.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ама, кога погледот му затарашка понатаму од куклата, кога на некаков плафон над нивните глави здогледа дијамантски лустер, што расфрла млазови светлина во разни нијанси усукани едно во друго, а под лустерот елка накитена со, исто така, живи ѕвездички од бесценети камења, тој полека, полека се подигна.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Прво копале големи дупки, а потоа во дупките пикале садници од разни дрвца, а најмногу елки, големи колку педа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го отежнуваше дишењето и создаваше чувство како белите дробови да се со мраз искитена, божиќна елка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Неколку дена пред Нова година ѝ реков на Билјана: - Утре ќе одам да купам елка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Супер! Ќе си запалиме вистински свеќички, а не електрични трепкачи на елката!“ важно извика Мими, си стави една сребрена гирланда в коси и започна да дели подароци: за дедо и баба топли пантофли, за тато вратоврска, за мама цветен шал, за Влатко и Мими - најмногу - баба Мирјана сплела џемперчиња, мама и тато одбрале интересни книги и новогодишни фигурички од чоколада.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе