естраден прид.

естраден (прид.)

Основната цел на капиталистичката демократија е апсолутна власт на мала одбрана група луѓе врз контролираната маса која на најразлични начини ќе се индоктринира и ќе се манипулира преку сапуници, кич музика, циркузијадни естрадни фаци и секаков шунд кој се наметнува преку медиумите кои се под нивна контрола.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Од касетофонот допира руска естрадна музика.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Естраден менаџер пред сите денешни менаџери.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Таму на паузи и навечер на пијачки доаѓаа сите политичари и многу естрадни фаци. Јас сега станав свесна за тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И, за таа цел, се користат со уште една природна карактеристика на народната уметност, анонимноста, која тие ја злоупотребуваат и ја користат за ужасни цели: за маскирање, за криење во толпата, за стекнување славна, агресивна, естрадна анонимност!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Многу од нив се крстени „балканијади“: балканијада на естрадна музика, балканијада на кошарка и балканијада на циркусите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Смело би претпоставил дека Политикин забавник во својата младост читале многумина научници, политичари, новинари, естрадни ѕвезди...
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)