еурека (изв.)
На тој начин Христов ја пронаоѓа својата еурека, ја реализира својата вродена и природна творечка дарба што на авторот му овозможуваат од секојдневното, обичното, локалното и специфичното да изгради сеопшти уметнички квалитети и симболи а при тоа да не ја наруши или загрози нивната реалност.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Крајната цел на неговата потрага, на неговата лична Еурека, остануваше да го открие можното согласие во патиштата човекови и патиштата на миграциите на сите други суштества.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
По правило, на овој степен вообичаеното сфаќање на интеракцијата преовладува, и еурека, нашиот филозоф поседува дуализам во интеракцијата меѓу менталните и физичките ствари.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Еурека! Конечно сфатив, но што сфатив?! Вистината, за тоа каде сум јас на овој свет.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И обајцата, Татко и Камилски, крај нивните обединете обединети и ширум отворени книги за балканските јазици и балканското јаничарство, не чувствуваа никаков замор и беа свежи и орни да го продолжат својот долг разговор, небаре најдени пред нивната духовна еурека спроти целосниот блесок на сонцето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како алхемичар изгубен во лавиринтот на зборовите, Климент Камилски долго време чекореше низ коридорите на својата библиотека, барајќи ја својата еурека, којашто мислеше дека е во неговите книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како да му беше потребна сал уште една буква, па слог, на крајот, збор, за да си ја дополни формулата на алхемиската потрага, со која ќе ја откриеше вербалната еурека која, според неговата замисла, ќе му овозможеше лесно да влегува и да излегува од отоманското време за, најпосле, да ја разгатне големата енигма на идентитетот на своето семејство, на својот народ, на сите други измешани балкански народи кај кои сѐ уште не исчезнуваа јаничарските гени.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Веруваше дека вербалната еурека, кај последниот сиџил, ќе му овозможи да ги спои времињата на луѓето и на народите, таму каде што биле запрени, испрекинати, крпени со легенди и со митови.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)