ефект (м.)

Тој го чувствува фактот дека максималната валентност на соответна содржина може да се постигне само и доколку таа содржина се вгради во нејзината природна метричка и акустичка структура, доколку ја зголеми нејзината тензија со ефектите на обртот и непредвидливоста, и дека носечка суштина на јазикот на поезијата е неговата рефлексивност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Многу е битно да се напомене дека секој шо сака да пие пожелно би било дома да поседуе одредена количина расолница за да ги неутрализира негативните ефекти и мучнини кои се јавуваат после бурното пијанчење.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Таа никогаш не би помислила дека некој чин што нема ефект станува бесмислен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нејзината куса коса и машкуданска униформа само го нагласуваа ефектот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Плашејќи се секогаш од радикални решенија со смекната душа од селидбите, од ударите на судбината, тој сега гледаше дека децата се ослободени од неговите фрустрации, но го плашеше тоа да не предизвика спротивен ефект во новата средина, па да се урне неговата морална тврдина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сигурно за да го оцени ефектот на својата постапка?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Колковите навистина ѝ се движеа како клатно на ѕиден часовник, дури ми се пристори дека нешто ми кажуваат тие движења и тој звучен ефект од нишањево не беше ништо друго туку објаснување за нејзината голема дарба: (тоа Катерина ми го рече откако стори неколку чекори), а малку подоцна додаде дека умеела да го изведе она кое Јана; за да посака да го изведе ќе морала најпрвин да го смисли а потоа долго да вежба и тоа само за да постигне нешто што сепак ќе личи на обична имитација.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Покрај фактот што ефектите се сѐ друго освен мирољубиви, дрогата се проширила експлозивно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Национал-социјализмот може да се опише како инхерентен ефект на најуспешно движење на култура која сака да се пишува со голема буква.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Овој начин на регулирање на ефектот на вработените остава значителен простор за притисок врз нив и создавање на атмосфера во која тие би биле принудени да се потчинуваат на волјата на своите надредени и би била доведена во прашање професионалноста, непристрасноста и објективноста, кои пак се гарантирани со чл. 9 од овој Закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Придружен ефект на овој вид кодирање е и основа за претставување на набљудувањата низ симболи што ни овозможува да го енкодираме светот во стилизирани математички изрази.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Меѓутоа, итрите производители искористиле еден момент за голем пропаганден ефект, кој и до денес ја разнесува славата на оваа колонска вода низ цел свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Исход е на три големи настани: на рекапитализацијата на внатрешниот дел од градот и на последователната гентрификација на градските маала; на епидемијата на ХИВ/сида и на изумувањето на интернетот. ‌За да се согледа природата на промената и на нејзините решавачки, далекосежни ефекти, треба да се присетиме на околностите во кои се појавила геј-културата во годините што непосредно им претходеа на тие три големи настани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во некои случаи е можно дрогата да индуцира напади на паника, несоница, депресија и бидејќи го зголемува пулсот и крвниот притисок, луѓе кои се осетливи на овие ефекти, сериозно можат да се разболат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мислам дека можете да ги видите позитивните ефекти што ги имаше мултикултурализмот во менувањето на нашиот поим на општество во скорешниот развој на западноевропските држави.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Врз една темна табла близу до работ на платформата можеше да се забележи, во препознатлив Бојсов ракопис, една сентенца која ја сумира пораката која тој се обидуваше неуморно да ја изрази во неговата подоцнежна работа: „Единствено уметноста е способна да ги оневозможи репресивните ефекти на еден сенилен социјален систем кој продолжува да се тетерави по линијата на смртта”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Заедно со една група луѓе учествував во деконструкцијата на одделните начини на живот и мислење, преку преиспитување на конститутивните ефекти на специфичните ситуации во нивните животи во областите на моќ кои имаат облик на социјални структури.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Спорна е меѓутоа околноста што нашиот автор наивно се обидува токму со помош на „референцијалната илузија“ да го произведе ефектот на стварното.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Беше јасно дека пакувањето со мраз не го даде посакуваниот ефект, и се испостави, дека дежурната сестра која што требаше да му даде шише виски немала поим што значи шише виски во реалниот свет и му дала виски во болничко шишенце кое го испил во една голтка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ефектите од културното попречување се двојни: тоа привлекува критичко внимание кон оригиналната порака, истовремено отворајќи простор за нови и алтернативни значења.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Повеќе