жаловен (прид.)
И песните се некои жаловни. Или жаловни се дека ги пеат жални луѓе?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Летоска, откако го видов објавен Зборникот
јуначки, жаловни, смешни
овчарски, самовилски, љубовни и други песни
со душата на мојот народ и на знаците
на кирилицата нанижани.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Едно утро тргнувајќи на работа, ја отворив влезната врата на мојот стан и пред вратата имаше што да видам: на чергичето пред вратата лежеа моите стари чевли, сосема искинати, тажни и жаловни.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Марко жаловно се насмевна:
„Со ибрицине ли и со сааните?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)