ждригне (св.)
Ја отворив портата позната, ги собув патиките, си отворив едно ладно, скопско, фридижирано пиво, се истегнав на фотелјата, го вклучив телевизорот, потегнав една добра, долга, рамнодушна голтка и ждригнав во моментот кога на екранот Боги запали цигара, вртејќи му го грбот на авионот кој заминуваше некаде далеку, многу далеку.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
На секое ждригнување ми иде некоја кислојна во устата. Од лук, од перца.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со едното око Чана гледа дека таму напред локомотивата испушта прво бело облаче, потоа ждригнува клобурци клобурци црни саѓи што целата ја покриваат, клобурците се претвораат во писок, во дрангож и во воздишки низ сите вагони.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И дедо Господ се беше заинатил, ситниот дожд и пасамката магли ги замени со својата уста од која ждригнаа студени ветрови.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Додека ова го кажува една жена со свиена коса горе над темето, Чана си ја стискаше устата со големата дланка за да не ждригне нејзината смеа од која исто така можат да се исплашат луѓето што тогаш беа во просторијата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)