жегалец (м.)
Под брегот браздата со вода се тенчи, се исукува и како змија се крие низ камењата и лопушките, крај неа пиштат жегалци жедни на ридот се гледа забодена коса со сечилото свртено нагоре кое одвреме навреме одблеснува на сонцето како молња да прелетува и навира морници; чиниш: Архангел со мечот минува или се токми да мине.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Над земјата, усвитена тишина, прошарена со стружење од жегалци и плипот од скакулци.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Од нив небото на Потковицата никогаш не е испразнето, нивните страгорења и нивниот цвркот, во пролет и во лето, како водопад се истура во тишината, а таа во себе ги прибира и другите притоки на гласови, оние на жегалците и жабите, за на зима, таа, тишината, под високо настожен снег сосема, сосема и сѐ да поплати.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не просаскав како змија, туку крикнав, гласно рикнав од што занеме сѐ по полето: и жегалците, и пилците, и ветрот од дрвјето, и жегата во воздухот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Родена во Пиреја, очите навикнати на сините води на средоземието, грчките маслинови гори и паничниот вресок на жегалците летно време, овде, на север, во Македонија, Летка се чувствуваше како со падобран спуштена во непознати предели.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)