жега (ж.)
Ќе остане на дното
ни жегата ни жедта
нема да помогнат
да сркнеме од секретот
да се плукнеме, назад.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Жегата правеше да се лее пот и на копачите им требаше многу сол.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И наеднаш во глувата тишина на денот врз дворот почнува да јачи громот ослободен од летните окови на жегата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Висат од жегата исушените гроздови... Во дворот изгоре старата јаболкница.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Густата жега ги забавува движењата. Ја водам маската, тетеравејќи се со нагазените и испотени патики.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Насредина на нивата глинена чинија. Во неа има само толчен лук, сол и вода, а жетварите сркаат од неа, мешајќи ја таа таинствена течна храна со црн пченичен леб, за да ја победат жегата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Жегата се лепеше за мене, сама, сосема сама во пејзажот, од левата страна езерото, од другата планината која се издигаше горе до Гупешкиот манастир за којшто веќе имав слушнато.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Без беспризорните, широчината изгледаше гола како прелог без диви тревки, без оние жолти и виснати од жега млечки, сите и сите со иста судбина.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Талкач во мојата непроодна душа Си Ти Незгаслива жега, пеколна суша Си Ти Како солзи што в грло ме гушат Си Ти Како цвет на крајпатна дива круша Си Ти Како тихо ехо што в мисли го слушам Како вител спомени што ме рушат Граблива птицо плашливо молам – твојте номадски крилја ги свиј! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Јас вриев; нејзиното смеење ме доведе до состојба на нервна раздразнетост; веројатно уште вриеше и ракијата од пладневната жега, и виното што сега навлегуваше во моите вени; ме навредуваше што таа рече дека не слушнала никогаш посмешно нешто, и во свеста ми се врати точката со наивниот маж, Петрунела и нејзиниот љубовник; ја прашав што е толку смешно, а таа се навали на ѕидот од кејот, и сосема опуштена, рече: „Прашај во Партијата; можеби водат записник.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А белите облаци носат жега.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Чекори тој пред старичката, нешто мрмори и инаетливо ја гмечи под себе правливата патека спржена од летната жега.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од едната страна екранот, мароканската жега, пареата на амамот, а од другата страна здивот на Симона некаде на околу едно метро в косо поназад од мене.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Беше пладне, летна жега, а јас седев во ладната соба на столот, свиткан во колената и со поднаведната глава, како пред судии и поротници.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не просаскав како змија, туку крикнав, гласно рикнав од што занеме сѐ по полето: и жегалците, и пилците, и ветрот од дрвјето, и жегата во воздухот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Работните услови во АД „Охис“, на почетокот од вработувањето, беа релативно добри – за потоа, во текот на транзицијата, да почнат сѐ повеќе и повеќе континуирано да се влошуваат: на пример, вработените немаа ниту греење, ниту ладење – па зимно време работеа на температури под нулата, а на лето беа принудени да ги поднесуваат жегата и пеколните горештини; мензата која порано одлично функционираше сега е затворена и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таму малку да здивнете од оваа жега, а тие многу ќе се израдуваат кога ќе слушнат дека сте од Македонија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Трипати на ден го менува мирисот: наутро, сѐ додека пука зората и додека врз јасносините и белузнави листенца во капки истрајува росата; на пладне, кога вршник е жегата и квечерум, пред заодот на сонцето - до првиот мрак и првата вечерна роса.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Личеше на тутенка - доцна расцветана, сред просторната јурија, спржена од жега и суша...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Фрли го што подалеку, натфрли го
јадливо, разјадливо
- не плукај, подголтни -
да нема мера расцепот
во овој расчепен разговор
јаз-говор, јас-говор
пред овој исплазен јазик
при таа жега во умот
нишан на нишан
јас на ти.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)