женет прид.

женет (прид.)

-Тој е шиптар а притоа и женет. Неговата жена ме посети: ме замоли да ја упатам во намерите на ќерка ми.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чичко ми не бил суртук и празен шиник. Имал девојка во Ташкент. Затоа сѐ уште не е женет. Таа му пишувала за пиперките и за сѐ друго.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Многумина од добрите се женети.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Не, ти никогаш не си бил женет, ниту пак ќе се ожениш, бидејќи така си заречен – дури си жив да бидеш толку добар, што благодетите кои ти ги истура животот, да им ги подаруваш на другите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бизнисмените немаат време, женетите имаат обврски (мали деца и големи проблеми, лоши сопруги и магнет папучи).
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Баге заустува да му се спротистави: дека син му не е педер, дека е нормален, дека е женет, дека има дете, дека во нивната семејна лоза нема ни намек на самоубиствен ген, дека сета таа работа е наместена, изрежирана и подметната од некои мрачни сили што се испилија во овој наш плурализам (беше готов да плукне притоа, но во последен момент се воздржа), дека неговиот син е нивна невина жртва и дека токму тие како служба се должни да ги откријат, да ги казнат, а на синот негов да му го обелат образот, макар и мртов.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А другарите мои, и тие како мене, кој со една нога, кој со една рака, ама женети, постојано ме советуваа и ми велеа: - А бре, шутрак низаеден, прибери се еден ден и ожени се за да живееш како човек, а не така...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Не, ти никогаш не си бил женет, ниту пак ќе се ожениш.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Нетот стана прозорец на светот од него ни падна и наталитетот и сите шмизли го знаат редот па блицови фрштат во тоалетот Бог да го бие тој свет виртуелен живот компјутерски, извитоперен семејство збрано, ручек се тура трошки се ронат на тастатура Бутови, дојки, линкови од Цеца тетки у години бркаат деца врие манијаци, стари педофили женети дртала демнат по профили
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
„Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И на женетите им го заврти умот. Ним дури и повеќе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И пак, првпат откако е роден, Дедо Мраз се сети да праша: - Еленчиња, дали некогаш сум бил женет?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Букетот разбуди рој спомени од детството во Солун, кога рано како сираче, вујко ѝ хирург во една солунска клиника, женет со Италијанка, вистинска Signora, често ѝ носеше букети цвеќе на жена си, по разни поводи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сите беа собрани крај мртвото тело на мајка му од Трајана, која од преголема радост што го виде Трајана женет, ја испушти душата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Ако не си женет, поведи ме со тебе, вели Левтерија. - Каде, велам јас, кај да те водам?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кажете ми, мили еленчиња дали некогаш бев женет?“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Забележа дека ја намести устата како да ќе затруби но место тоа, место претчувствуваниот звук, чу прашање: „Не ми рековте - женет ли сте?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од каде воопшто тој знаеше дека тој беше женет?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И, го пронајде, тој и тој, женет тогаш и тогаш, за таа и таа и... чекај, да, да тука имаме уште еден брак, па уште еден.... па уште еден.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе