живеалиште ср.

живеалиште (ср.)

Неговата сенка, од време на време, проигруваше од осветлената лампа врз татковите книги. – Но јас имам читано – ја продолжи мислата татко ми – дека козите живееле со луѓето уште во време на таканаречените наколни живеалишта, најстарите човекови домови...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во овие градови се планира да се отворат нови живеалишта уште за 4 до 6 милиони жители.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега многу се тие кои ја посетуваат пештерата која од некогашно мечкино дувло, денско живеалиште на лилјаците и пајаците и седиште на мракот и несреќите, стана туристичка атракција...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Отказот работодавачот е должен да му го врачи лично на работникот, по правило во просториите на работодавачот, односно на адресата на живеалиштето, односно престојувалиштето од кое работникот дневно доаѓа на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Некои успееја да се нагодат со новите сопственици за да се преселат во нивните поранешни живеалишта.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Холандија ги збрала циганите во провизориуми, во живеалишта на тркала, во коли слични на циркуските.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Живеалиштето ѝ личеше на змејско дувло, не копано, туку соѕидано од тули од кои раснеа кисели дрвја, боз и трње.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И луѓето кои минеа крај нејзиното песјо живеалиште, ќе го поитаа одот, ќе го подголтнеа зборот, ќе се сокриеја во себе за да не ги здогледа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На првиот ден на ерменскиот Божиќ во неголомото живеалиште на Микелајн дојде твојот сонародник господинот Жорж Лоран и му донесе на стариот подарок, на прв поглед обично растение во син порцелански сад.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Овој јазик е корисен во обезбедување на храна, живеалиште и општествена позиција, но ги жртвува можностите за координирање на физичките состојби меѓу учесниците во дијалогот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Е тие, мали, ситни, дребни заморчиња на природата (иако не беа вистински заморчиња, туку јас така гледав на нив) еднаш се обидоа да излезат од својот фантастичен свет и да ги прошират своите живеалишта и на другата страна од автопатот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И со бомбардираните места од кои прав од малтер се виореше во воздухот, а трње стрчеше над купиштата отпадоци; и со местата на кои бомбите беа расчистиле поголеми парцели и на кои никнеа сиротински колонии од дрвени живеалишта како кокошарници ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го следеше Сириецот низ целото Царство, сиот во напнат скок, а сега, кога го достигна во живеалиштето на шумските џуџиња, мирно, безволно го прифаќа изрезбарениот камен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Океанија нема главен град, а нејзиниот титуларен шеф е човек чие живеалиште никој не го знае.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најчесто сакавме да ја слушаме прикаската за подводниот змеј чие живеалиште беше токму на линијата на границата која многу години, под различни окупации, но и во слободата, делеше две земји, народи, идеологии, вери.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За тоа време сменив околу десет работни места и пет живеалишта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дождот толку цврсто го воспостави својот авторитет што секое живо суштество остана во своето живеалиште.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Само во ретки прилики на обичните луѓе им се укажуваше можност да ги видат однатре живеалиштата на членовите на Внатрешната партија, или воопшто да влезат во делот од градот каде што живееја тие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немаа постојано живеалиште, туку на два, на три дена спиеја и се хранеа во друга куќа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Трагедијата на градителите на Беломорскиот канал во свеста на биологот Цветан Горски, додека го слушаше својот учител, значеше и трагедија за северната руска јагула, за милијардите жители на северните реки и езера, кои стануваа жртви на непредвидливото менување на нивните живеалишта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе