живне (св.)
И така живна загноената заемна омраза меѓу едната и другата опција на тие кои се самонарекоа бранители и душегрижници на Егејците, како што сами се нарекоа и ги нарекоа и тие во чие заблудување беа замешани нивните прсти и никој не прифати и не почувствува грижа на совеста, а рамнотежата меѓу двете скарани страни – грижливо ја чуваше Лазо, кој лично водеше сметка неслогата да не се претвори во кошмар.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дење е забрането секакво движење. А ноќта живнува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во мракот живна ливадата и шумата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мажот е желен, жената пожелна
и така во недоглед возбудата
на раскажувањето живнува
јазикот е топол како крв
ласцивен кога бликнува
опсцен кога засирува
јагула-јазик
совршен и кога е разголен
без кошула без лушпа
како од матка изведен!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Чекавме да живне реката со своите бујни води, од стопените снегови на планинските врвови и падини, да разлистат врбјаците на бреговите на реката, да ги водиме козите на пасење.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но откако дојдовте вие, деца – живна малку тој и во очите му светна нешто топло – голема надеж ни ја огреа душата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Чакарвелика како да живна. Се разоди низ анот и по дворот, самата за работа се фати, децата како аргати ги хранеше со појадок, со ручок, со ужина и со вечера ги гостеше од она што го имаше или некаде го наоѓаше.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Камилски живна, стана од своето место, го поклопи големиот речник пред себе и рече: Во право си, пријателе, животот останува првата и последна проверка за вистината...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И во тажно чадливата пустош се отиснуваа сцени, живнуваа ликови болно јасни и од тоа го болеше главата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Разговорот во колата живна.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
А таа слика, таа глетка на трчање зад камионите, тој плач, таа болка, тие викања ми се вковаа во паметењето и сега споменот налетува, надоаѓа како бран, како рој, живнува, гори, жежи, се нижи збор со збор, вик со вик, плач со плач, солза со солза, издишка со издишка се врзува во синџир, се втиснува, стега, гмечи и боли...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Со леснотија здивнавме кога видовме дека стигнаа првите санитетски коли и застанаа пред салата за приредби, сега преадаптирана во сала за сегрегација. Сите живнаа, го снема немирот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Летово пак ни живна мочуриштево. Тактиката на вилинско коњче против монструозно намножените жаби слабо успева.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кога му кажав на Татко дека ќе патувам во Франција, во Париз, со нашиот Балкан-експрес, тој вистински живна, излезе од летаргијата на читањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Па - живна Циљка - јас знам да плетам, да готвам, да предам, да молзам и да правам урда и сирење... па, знам скоро сѐ што се прави на село...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
5. Вечерта на свадбата Соколе се напи малку повеќе вино одошто си ја знаеше мерата. Беше живнат. Околу десет саатот се враќаа со Спасија дома.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
2. Средата поручек Боцевата берберница е живната. Пред вратата ја опчекориле клупата и играат шах слепиот Саве и син му на Боцета, Миланче.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Треба некој знак за да се потсетиш и
да живнеш,
да жугнеш,
да пркнеш.
Зазираш од ноќта, време на морници.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Јас имам Библија, живна сега тој. Ја најдов во куќава, вели. Дебела со црвени корици, вели, и со крст отспреди.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Куќата живнуваше од трите момчиња .
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)