жирафа (ж.)
Како што внедоапица дојдоа така пројурија низ окопите едни како да се жирафи гледајќи преку окопите, а други подведнати како изгладнети мачки глушец што бараат, се пикнаа во земјанката кај командирот, рекоа што рекоа таму и како што брзо се појавија така брзо се изгубија по истиот окоп назад.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тој тип пред тоа одеше по мене од кафез во кафез, павијански им се клештеше на азиските мајмуни со запалени задници, се згрбуваше пред тромавите камили со измитарените вратови, ја издолжуваше шијата и се обидуваше нешто да им шепне на жирафите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тој тип пред тоа одеше по мене од кафез до кафез, павијански им се клештеше на азиските мајмуни со запалени задници, се згрбуваше пред тромавите камили со измитарени вратови, ја издолжуваше шијата и се обидуваше нешто да им шепне на жирафите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Клучен доказ е тоа што ниту еден животински вид такво нешто не практикува... како па за сѐ друго да сме идентични со животните: пиеме кафе ко жирафи, играме шах ко фоки, сурфаме по Интернет ко двогрби камили, те цепиме атом ко млади мајмуни.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Грета: Прво кажи им на сите овде колку мажи и жени натера да се заљубат во камили, жирафи или зебри?!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ороспиите, пак, ги држат главите исправено, како жирафи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ѕирнав од прозорецот што го нацртав на авионот и видов под мене, долу - слонови, лавови, зебри, жирафи, антилопи, носорози. Беа мали како желки.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
- Лисица, - вели и Зоки. – Веќе знам. – А во себе шепоти како научено стихотворба: „Штрк, жирафа, мечка, слон, лисица...“
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Затоа тој истрчува кај штркот и лесно почнува да реди: - Штрк, жирафа, мечка, слон, лисица.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
„Значи, штрк, жирафа, мечка...“ - А види, ова е слон.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Зоки шепоти очаено во себе: „Штрк, жирафа, мечка, слон, лисица...“
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)