жнеач (м.)
Српот насмевнато се помрдна од ридот Штом зората во класјето зашуми со чекорот нејзин се спушти во тврдите дланки на жнеачот со нивниот ритам да пее по златните жици на нивата.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Крај топлите класови заспива младиот жнеач...
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Дете на градите на мајката Загледано во ѕидот на куќата, Девојки скриени во житата со небесни цветови во косите, Црвена светлина што се слуша отаде петровденските камбани, Светулка скаменета на отворена книга во дворот, Коњ што фрчи низ ветерот над реката, Стар часовник што бие меѓу прозорецот и ноќта, Име врежано во каменот на соседот, Бела пеперутка што се буди во тревата, Жнеачка што му шепоти на плодот во неа, Девојка што се крие во душата на темјанушката, Старец што оре со погледот по мапата на татковината, Буква скриена меѓу црешите За да не може да се соопшти зборот што е неопходен, Победници што се плашат од пепелта на поразените, Денот на нејзиното раѓање – меѓу два глужда на црешата, Непрепознатлив глас што шета низ темнината, Младичи што којзнае Од која страна на времето заминаа, Пролетен ветер што тропа врз твојата песна И ти Што сакаш да ме прашаш Уште ли живееш спроти нас, Во пустиот дом на старичката?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Со крвта на животното ги испрскале воденичките камења, крв веќе да не се пролее од нивни орач и жнеач и скоро сосила довлекле однегде мијачки живописец, со секакви бои да ја забележи на внатрешните ѕидови историјата на покладарите, нивниот пат од Кукулино до Лесново и назад, со завршна сцена во која Онисифор Проказник ги подава исусовски пребелите раце кон куп воскреснати луѓе, од набожни причини со крилја и со голи бакрени стомаци под спокојно прекрстените раце, сите до еден, дури и малоумниот Јаков Иконописец, сликани според опишувањето на нивните мајки, жени или синови и секој над глава со напишано име.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)