жолч (ж.)
Но човекот во рамката веќе му се вклопува во мислите, пали во нив немир и жолч.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
1. Грозна смеа
Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие
за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч
изречи ја славно на смртниците поругата,
подбивот и јамбот, отровниот рев
шегата пој ја на раѓањето и смртта
маската, порокот и гревот
опиши го, Вечна, на киклопот кикотот
кркорот на крвта
во обрач од стих завиено и сласно
растури го кругот, барутот, чаурата
со метар, а безмерно смерно
во речта магично обратена,17со очи на тилот
во стар образ, а со друга вера
- кој прв спомна на Бога Име
небаре ќе го снема ако не има
во времето знак
да биде освен вера, завера
освен пат и бездна
отсутен а присутен
по севезден ѕвезден?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Вислицени зборува, Мајснер се смее од името на Максимилијан Мертен, а Корец не им верува на ушите. Дојде време да ја проба и таа чаша жолч: достоинствата што толку грижливо ги градеше и функциите што за овие десет години ги акумулираше, ги поврати и ги пазеше, одново да почнат да му се одземаат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)