жртвуван (прид.)
Но кој можеше да замисли дека оваа војска ќе заврши за неколку години во братоубиствено урнување на земјата (со стотици илјади убиени невини луѓе, со милиони обездомени) која требаше наскоро да ја претставувам и за која како да бевме во еден вид жртвувана патрола.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оттогаш, синот на Тајко почна да се гледа себеси како веќе жртвуван.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Вујна Клементина ѝ ја беше раскажала албанската варијанта за жртвуваната жена, на тврдината Розафата, на својата внука Ервехе којашто таа никогаш не ќе ја заборави во животот и ќе си извлече сопствена поука, но сега, накусо, ѝ ја раскажа и на мајката Амелија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)