заангажира (св.)
Тоа во Грција ги потсетувало на 1875-76-78 година, кога покорените словенски народи востанале против османската власт и кога за нив, главно, Европа се заангажирала да им ја поправи положбата преку наложување реформи на Турција.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Којзнае, Германците ќе го вратеа на старата положба, да не се заангажираше самиот тој преку грчките претставници на власта.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Но, наместо да се заангажира и да ми помогне да излезам од таа луда мешаница во која западнав, таа само мирно заклучи: - Мислам – рече – дека и не е потребно да одговориш на сите нив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)