заблуди (св.)
И така живна загноената заемна омраза меѓу едната и другата опција на тие кои се самонарекоа бранители и душегрижници на Егејците, како што сами се нарекоа и ги нарекоа и тие во чие заблудување беа замешани нивните прсти и никој не прифати и не почувствува грижа на совеста, а рамнотежата меѓу двете скарани страни – грижливо ја чуваше Лазо, кој лично водеше сметка неслогата да не се претвори во кошмар.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дури очекував таа да настојува Ели да ја заблудува дека ѝ е мајка, а не таа таму некаде закопаната, зашто Ели одвај можеше да се сеќава на мама.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Сите мислат дека, зборувајќи, ќе заборавиш на болките, ќе се заблудиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Море, јас се заблудав, вели јатрва ми, Уља, и ја изумив Горица. Да не скитне, да се загуби низ шумава, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)