заборав (м.)

Фрли го во морето нека го носат далгите во заборав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пет минути и отровот ќе му ја замрачи свеста и ќе го фрли во заборав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Има сила да те оздраве од сѐ зашто низ неа најбрзо расте - заборавот...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Застрашувачка е вистината дека еден ден сите ќе заминеме во заборав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Врз правта мовта лежи врз неа неблагодарното време на заборавот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Навистина, би било убаво под опојот на хашишот да ги раскине вените и да се пренесе во весел заборав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓутоа, штом се посочи варварството, посебната задача на меморијата е да се бори против заборавот на жртвите имајќи свои иманентни и природни начини на одржување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
XLIX Без претходно да се договорат за тоа, Татко и Камилски продолжија да избираат зборови во функција на прикажување на тоталитетот на историскиот процес на Балканот, свесни дека тоа можело малку да го сторат пристрасните историографии, парцијалните и недостапни архиви, нецелосните институции, силата на заборавот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше тоа една чудесна игра и сѐ повеќе се доближуваше со неа она парче живот ѝ се радуваше на убавата ноќ, враќајќи ѝ ги на нејзината белина сите изгубени одблесоци, носејќи на местото на очајот една лесноумна весела разиграност, чиниш со некоја желба да помине со својот разигран заборав над крвавите траги.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Они се божилак, они се прснати капки од врв на земјата па за облаците врзани. He ќе ги заглушат во мене нивните стапки ветровите кон заборав забрзани.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
И кога веќе сѐ ќе стане заборав, пепел во човечка черупка во која во исто време се населуваат нови чуда, ќе остане само сеќавање за писмото на Рубина Фаин и прашање какво било и какво е, ако е сѐ уште живо, она јапонско дрво кое е и пак не е тајна за денешниот човек.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дозволи да те заборавам, соновите во јавето да бидат заборав и минатост...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Патуваш по границите рани, странични на вселената – изведена смисла/свет а таму душата лебди, бдее бедеми бедни та раскошни со плимата плиска со осеката секне секавично и ведно гледаш и мижиш во длабините и самиот длаб на етерот бладање, сон на сенката светилник на помрачението блаженство во јадот страст за питие смрт и заборав за лага и заблуда за облик, опиум!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Заборавот нека те однесе некаде далеку за да можам барем спокојно и достоинствено да го проживеам тоа што ми остана без срце и душа, зошто се ти припаѓа тебе засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во шизофрената глава на граѓанинот на бивша Југославија се прекршуваат не само две стварности, онаа минатата и оваа сегашната, туку и два вида на кич: оној стариот, мртов веќе одамна, и овој новиот, кој никнува врз стариот, сметајќи на тоа дека реципиентот ја потиснал во заборав првата претставка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И навистина: само по неколку дена Рим прилегаше на една бесконечна клада. Останаа само неколку коњи на Аларах и песната на неговите варвари дури беа живи: Високо црно ѕвоно скриено во заборавот! ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Обидот на Аристотел поинаку да му пријде на односот меѓу душата и телото и да го надмине остриот дуализам на Платон, со појавата на христијанството паѓа во заборав.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Животот, на крајот од краиштата, е само колаж од одделни моменти на кои се сеќаваме – колку парадоксално е тоа што во него минуваат цели денови, месеци, години кои воопшто не ни остануваат со сеќавањето и поради својата истоветност пропааѓаат во заборав.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не довикувај ме далечен, не довикувај ме, заминувам по патот на вечноста, да ја стоплам душава, да го стопам мразот што се насобрал околу срцето. Заминав во заборав...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Од тоа време, што и во втората деценија на веков го паметел тогаш живиот и жилав даб со брада, стогодишниот Лозан Перуника, лежат на рекичката Давидица четириесет и три малечки воденици, накривени и безживотни судбини во кругот на заборавот; самоучките врати им се испукани и потемнети, суровото минато ги заѕидало прозорците со бигорен камен. Но си има свое минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе