забранет прид.

забранет (прид.)

Тоа е гајба со забранети јаболки; ливада за пасење стадо мисли; речник што не го содржи зборот „диета“.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сенката на јастребот паѓа кружно врз Земјата од која извираат води како забранети љубови а човекот ѝ се покорува на жедта и кога ја порекнува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Веќе е забрането да се раѓаат проколнати деца по логорите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Средствата собрани од продажбата на материјалите ќе бидат наменети во добротворни цели, како за реформи, реформирање и расформирање на многумина што ќе бидат фатени таму каде што не припаѓаат, односно како работат на наталитетот со заштита, што е најстрого забрането, или се работат и го потпомагаат наталитетот во општина во која фактички не живеат и не гласаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Забрането овошје, но слатко... Љубовни волшебства чуда прават...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Нив ќе ги сретнете во оној неугледен Регистар на забранети списи , ме упати тој.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Моја главна работа стана трговијата со волна. Порано оваа трговија беше била забранета.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нему очигледно неморалот којшто е најстрого забранет за нас партизаните му беше поважен и продолжи да излегува и да се среќава со споменатата девојка, ќерка на споменатиот монархофашист.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ме восхитува твојот говор без аскеза без пауза клесан ко глинен глаголски натпис обоен и обол, со густ внатрешен ритам на мит и лира на плот и жедба твоето лице ко отсутност изгребано ко ѕидини на древни светилишта од рески и црти шифри и датуми ко забранета и жигосана книга по којашто се топела душата и го прелевала својот акварел не повторувајќи ниту еден потег.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Религијата, како што знаете, во нашата земја е забранета уште во 1967 година за време нашата голема културна револуција...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Високо специјализираните професии се најдоа на списокот на забранети улоги, откако една професорка по филозофија, чија пасија беа медицинските енциклопедии, доживеа тешка траума присуствувајќи на операција на слепо црево, каде од неа беше побарано да го направи првиот рез.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Неограничени можности за слободно себеизразување за да се проба и забранетото овошје, слободно чекорење по негазени патеки, можност без срам да се разголат сите догми и ѕирне зад табуата на непишаните морални норми.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Точно е, ги има многу намалено цигарите, и кога ќе ја фатам на дело, според бројот на догорчињата во пепелникот, дека претерала, таа има израз на лицето како дете што го откриле во некоја забранета работа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во Виенската болница некои од хирурзите дел од своето работно време минувале правејќи ја таа од законот забранета, а сепак за некои луѓе дозволена дејност – таму абортирале ќерките и метресите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но дури и во случаевите кога ќе втасам предвреме на таа проклета автобуска постојка, седиштата на долниот кат се пополнети а стоењето долу е забрането.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во ретките мигови кога сум печена свинска глава што го гризе забранетото јаболко, посакувам да сум покрај езеро, да си ги шлапкам нозете во водата, да се појавиш ти штотуку изгонета од Рајот и да влезеш во езерото, а јас да се радувам гледајќи те како го покачуваш нивото на водата со твоето дебело тело.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ќе се жртвувам за нив и нема да каснам од забранетото овошје.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Го затекнав киното во кое беше забрането пушење, но и водење гласен разговор за филмот и за сѐ она што се разголуваше во него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Забрането е да се изговорат името на Бога од четирите букви ЈХВХ.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Забрането е да расте сончоглед на полињата (дозволено е само негово грицкање) Во спортските сали се емитуваат репризи од документарци за здрав живот
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повеќе