завера ж.
завери св.

завера (ж.)

Проклетници е пожелен за швалери па сѐ до кројачи на завери од робови, снобови и попови до џандари, инспектори и лопови
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Но заверата може да дојде и однатре: Евреите обично се најдобра цел бидејќи ја имаат таа предност едновремено да се и внатре и вон.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сѐ нешто фали у човека поредокот е порозен престапи пробиваат растројство и безумие завера и чудо!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
XVIII Северецот и Југот пак почнаа да се бијат над селото; луѓето изнапатени од нивните завери со кои правеа пустош, се ежавеа и ги колнеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На крајот на својата приказна Луз Арке заклучува: „Од сопственото искуство знам дека илузијата за повлекувањето црта под минатото и за некој нов почеток е неостварлива и дека заверата на молчење чија што цел е анулирање и егзорцирање на доживеаниот ужас само ги храни конфликтите и ресентиманите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
1. Грозна смеа Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч изречи ја славно на смртниците поругата, подбивот и јамбот, отровниот рев шегата пој ја на раѓањето и смртта маската, порокот и гревот опиши го, Вечна, на киклопот кикотот кркорот на крвта во обрач од стих завиено и сласно растури го кругот, барутот, чаурата со метар, а безмерно смерно во речта магично обратена,17со очи на тилот во стар образ, а со друга вера - кој прв спомна на Бога Име небаре ќе го снема ако не има во времето знак да биде освен вера, завера освен пат и бездна отсутен а присутен по севезден ѕвезден?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Низ отворената врата од плевната го глдаа крајниот горен прозорец од куќата осветлен и по сенките можеа да видат дека внатре се сноваат луѓе, но беше предалеку за да се чуе дали нешто зборуваат, па им се чинеше како оние таму да се кријат во завера.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа завера најлесно се надминува со повик за омраза кон странците.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Минатото е ниска од за’рѓани алки потресни собитија единствени по своите димензии, па и тежест како на пример – масовни ослепувања оргии во знак на освета погроми, пожари, помори земјотреси, ерупции покрстувања, исламизација елинизација царство на конверзиите на озаконети незаконитости родоскверности, чедоморства завери и трагикомични сценарија, сѐ на сѐ ОВДЕ историјата е горопадна гротеска …
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Успеавме во нашата завера.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Двајцата се онерасположивме што не можеше да си го купиш костумот. Тогаш смисливме една завера.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во САД една проминентна инстанца на оваа опсесија на завера може да се препознае во The New World Order на Пет Робертсон, но, како што неодамна видовме, има и многу други.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Типични се неговите изјави со кои подигнуваше бури во круговите на книжевниот естаблишмент: „Кога гледам како ноншалантно ги прифаќаат сношаите на Леди Четерли или претенциозните бесмислици на господинот Паунд, таа тотална измама, како „голема литература“, морам да се борам против помислата дека сето тоа е некаква завера насочена против мојот разум.“
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Заверата е глобална и делува дифузно на сите фронтови, од Обединетите нации и НАТО Пактот, преку УНИЦЕФ и УНПРОФОР, до Ватикан и Масоните.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сомнителни елементи! Завера ќе ми ширеле!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)