завесла св.

завесла (св.)

И смеејќи им се весело како прв пат кога ги сретна со колата, тој завесла во спротивен правец, мавтајќи им со рака од далеку.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дали ми поверуваа или не ме разбраа не знам. Самите завеслаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Арно ама, само што завеслаа накај трските, кога од таму нечујно исплови друг чун, кој што одеше право накај нив.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ни се чинеше оти со секое завеслување Гури Порадеци го удира по главата езерскиот змеј за да го оддалечи од нас и за да не го преврти чунот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ја минале ливадата зашлапкале во езерските води и - застанале - нема ниту едно кајче за да завеслаат накај божилакот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Човекот со шапката го забриша лицето и уште посилно завесла кон брегот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А Марин Крусиќ? И Марина Крусиќ го виде рибарот токму вака: како од брегот, час-два откога заврши третата попладневна муслиманска молитва, го спушта погледот од тапа тага врз него во чунот, меѓу петнаесеттината чунови што се подготвуваа со мрежите да завеслаат на езеро.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога стигнаа на брегот, долгокосиот му покажа со прстот кон малата камена куќарка и без поздрав го турна чамецот во езерските води, вешто рипна во неговата шуплина и завесла за назад.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)