зависен прид.

зависен (прид.)

Почнете да се потпирате на брачните советници и брзо ќе станете зависни од експертските совети како да го задржите вашиот брак.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Секој концепт за општеството кој вклучува систем од взаемно зависни делови имплицира идеи за интерни и екстерни граници и инструменти за нивно дефинирање и регулирање.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тоа несоодветство просто го гонеше секого на насмешливост, груба или добродушна, зависно од карактерот на човекот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа е зависна и независна, се „објективизира“ во природата и општеството, по степените од дадените и допрва создаваните појави на природата и општеството, во нивните најразлични, најмногубројни и сѐ повеќе растежни страни и форми.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
И токму во тие години, но и порано, се сопира природната и социјалната еволуција на детето, радикално му се сече потеклото, семејната врска, му се менува религијата од христијанска во муслиманска, се станува целосно зависен од Империјата, посебно од императорот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас не те пратив кај неа... (Покажува со глава кон кујната каде што се наоѓа Неда.) ... јас не те пратив кај неа да изигруваш некаков сентиментален глупак, туку да ја направиш зависна од нас и од нашето молчење. И не играј си со главата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Стануваме наголемено зависни од технологијата и технолошки врамените рецепти за однесување што ги добиваме од страна на советниците.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оваа енклава исто така е местото на кое практиката на научниот јазик однатре и сѐ подлабоко и подлабоко го оспорува идеалот на фонетското писмо и сета негова имплицитна метафизика (метафизиката), т.е. особено философската идеја на episteme; како и онаа на istoria која е длабоко зависна од неа, и покрај раздружувањето или спротиставувањето кое ги упати една на друга во една фаза од нивниот заеднички развиток.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Просторот е недоволен да се потцртаат основните проблеми, и да се назначат главните струи, сепак, ако ништо повеќе, низ текстовите провејуваат некои од основните контроверзи на феминистичката филозофија: дали е воопшто можна и како?, може ли да се даде нов своевиден потстрек за решавање на философските “проблеми”?; во која мера е блиска со, и зависна од постмодернизмот, идеологијата, желбата за превласт.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
А тој, имено, лежи во тоа што ова објективно важечко право, воопшто не е создадено да ги реши или олесни проблемите на сиромашните и економски зависни работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас сум зависна од внимание. Ако не го добијам најмалку три пати во денот, се чувствувам празно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Зависно од определбите кои не се лоцирани само во литературната свест, се доаѓаше низ одделни анализи до сознанија за прозата на Чинго кои беа извонредно силно идејно тензирани, обоени со сите реперкусии на политиколошкиот аспект.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Палестинскиот народ во овие услови ќе се соочи со два големи егзодуса (во 1948-та и 1967-та), кога не само што ќе биде истеран од својата земја, распрскан на четирите страни на светот, главно во логори за бегалци во мизерни услови за живеење, зависни од репресивните арапски режими кои го инструментализираа палестинското прашање за свои цели, но, исто така, и пред упорното одбивање да се признае историската неправда што му беше нанесена на овој народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
13 А, пак, договор за вработување на определено време за замена 12.  Имено, се случија парадоксални ситуации – сите оние што биле евидентирани како вработени на определено време имаа право на добивање паричен надоместок, зависно од должината на нивниот стаж; а оние, пак, кои биле водени како вработени на неопределено време, што на прв поглед се чини поповолно, немаа такво право!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Потоа, сопственикот како тужена странка, пред судот повика и двајца сведоци кои во тој момент беа вработени во неговата компанија, но овој пат тоа беа постари работници кои беа пријавени во АВРМ и беа на повисоки надзорни позиции – кои под притисок или можеби и со согласност, бидејќи се директно зависни од сопственикот за својата материјална состојба, сведочат против младиот Јакшиќ кој критичниот и кобен ден кога се случи несреќата, во име на пожртвуваноста за доброто на фирмата, а со цел „работата да не трпи“, изгуби најмногу од сите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Козата остана на страната на сиромасите, зависните, запоставените, спротивставените... – Така значи дошло на Балканот до изреката „Да му цркне козата на комшијата!” – извика задоволно Чанга. – Но, имало и полошо! – рече татко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Заводливите предлози потрошувачите ги поздравуваат; но еднаш кога ќе ги прифатите станувате зависни од експертите и пазарот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Иако знакот во поглед на неговиот идентитет е зависен од неговото место во една мрежа од релации, означителот сѐ уште се поима како содветствувачки на еден единствен концепт, означеното; а ова е една форма на присутност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
5.  Поврзани друштва се правно самостојни друштва кои се поврзуваат и кои воспоставуваат меѓусебни односи како: 1) друштво коешто во друго друштво има учество, значајно учество, мнозинско учество или мнозинско право во одлучувањето или заемно учество; и 2) зависно, владејачко друштво и друштва кои дејствуваат заеднички (чл. 491, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во тој миг не можеше да сфати дека тој е само еден ситен атом зависен од целокупната енергија.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе