зависник (м.)
Тешките зависници се подложни на боледување од пнеумониа и бронхитис.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Не знам каков е трендот во светот ама знам дека во Македонија постојано расте бројот на зависниците од интернет кои секојдневно се дружат со нивното височество фејсбук и скајп.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Разбрав дека во светот постојат и групни центри кои служат за лечење на лицата зависници со кои преку разни методи успешно ја сузбиваат апстиненцијалната криза.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Веќе постои голема и безнадежна армија на полнолетни зависници од крек.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
За кратко време ги проба и стана зависник од сите пороци што ѝ беа понудени.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
НОРА: Би те коригирала. Друштво за заштита на зависници или уживатели на опојни средства.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тебе ти треба внимание. Зависник си од него.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Елиот Кари (Elliot Currie) одговара дека најголемото зло во врска со овој проблем произлегува главно од тешкиот данок што наркоманијата го наплаќа од зависниците, нивните семејства и пошироката заедница.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И покрај тоа, продолжувањето на војната против дрогата, макар и со послаб интензитет, секогаш одново би ги генерирало сегашните проблеми. Доколку хероинот остане забранет, бројот на кражби и понатаму би останал висок бидејќи зависниците и понатаму би краделе за да можат да дојдат до пари за задоволување на својот порок.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Конкретно, Пол е женскав, хистеричен гиздавец. Зависник е од театар и од музика, иако уметностите не ги разбира вистински; без разлика, склон е кон „необичен занес“ од средовечни сопрани, особено кога се овенчани со круни и кога ги окружува ореол на слава (120).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Стојна Стојановска Станав зависник! Прво што правам наутро, варам кафе и барам нов текст од Рада, ако нема денот не ми е како што треба.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Глобалното Село каде што сите сме заедно, се употребува како метафора за тркалезната маса на која се собираме за да разговараме за сѐ што нѐ засега. Rheingold ја анализира состојбата на CMC (компјутерски посредувана комуникација) и пишува за зависниците од различни системи: минител во Франција, кампус мрежите, xxx, bbs (само за возрасни), во центарот на Небиднината.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
ТЛ: Оффффф! Јас сум зависник од чоколада. Забележа синоќа, како келнерот автоматски ми донесе екстра чинија од десертот? Ја знаат мојата слабост. Дупла- доза, Тим.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На пример, една актн-чанта полна со синтетички хероин би можела да ги задоволи годишните потреби сите њујоршки зависници. Америка никогаш нема да биде во состојба да го запре прометот на толку мал производ меѓу купувачот и продавачот, а да остане слободно општество.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Па, кога ќе мериш за да го одбереш помалото од поголемото помеѓу пушач и пијач, на кантарот помалку тежи зависникот од никотин, а од понудените курвар и коцкар, подобар избор е љубовникот, кој сетики по некој пат ќе донесе некоја нова, научена умешност од понадвор дома, па ќе имаш и ти некој ќар, а не може до крајот на животот да биде тоа, за разлика од другиот, кој ќе испушта душа врз масата за рулет и на сто години или, во подобар случај, ти ќе му ги пополнуваш ливчињата за „спортска“ до крајот... дека помлада.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Според светските проучувања, за зависник од интернет се смета секое лице кое поминува најмалку 4 саати дневно па од ваквите податоци со сигурност може да се заклучи дека Македонија има еден куп нет-џанкери.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)