загасне (св.)
На градите ѝ се запокажале две недополнети брадавици, небаре оревчиња загаснати уште на заврзување.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Огнот загаснал и нас утрината нѐ најдоа смрзнати.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И очите веќе не му светат. Зајдена му е светлината. Сѐ е загаснато на него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Наместа сега ѕидовите се напукани, бојата загасната, но уметноста на Славејко сосема е зачувана.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се губи. Ко мртов е, а не е мртов. Огнот не му загаснува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ѝ се брза, се брза што побргу да загасне и сосем да поцрни овој простор над селово.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Азра се поднамести и почусвствува меѓу усните густа тегава течност, а веднаш потоа устата ѝ се исполни со тврдото месо кое не можеше да се смири, кое играше во ритамот на празнењето што пред неколку мига започна во анусот на нејзината постара пријателка, но и продираше навнатре отворајќи ѝ го грлото како кога од голема жед во отворот се истура полна голтка директно во жарот за да се загасни, да се стиши.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Преку ноќ нема потреба да станува, освен ако не сака да проверува дали не загаснал огнот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)