загине (св.)
Всушност тој не загина.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И набрзо ни стигна писмо дека тате загина за величината и славата на мајка Грција...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Словенска антитеза
Дали ветер се дигна над морето под небото
дали птиците се вратија и топлите времиња
дали јазикот се поднови и смислата
или миговните богови збор зедоа и загинаа
та преметите, луѓето и соништата безобѕирни
просторот и горчината ги размножија
и душата ми ја изнесоа на отворено
како разговор во акропол
да не смее да биде сама
а да сака?!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Кај сум имала време да мислам дали ми загинала менструацијата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Што ме натера да му ветувам дека нема да загинам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А кога дојдоа големите војни чувме дека и војводата загинал.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Еден вид пајаци се спаруваат со муви уловени во нивните мрежи: не дочекувале пород и ги шмукале крилестите невести: потоа се повлекувале во пукнатина на карпа за да загинат од отровот на своите пајачици по нивното оплодување.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Да загинеш за слободата може ќе ја добиеш смртта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако се осмели некој да ја критикува дејноста на таквите лица, се решава да загине од Организацијата.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А војводата рекоа дека загинал од својата граната. Ја испукал гранатата, рекоа и истрчал да ја стигне за да падне на него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас би го однесол писмово кај Иванов, тој би ме помолил да почекам одговор, таму би ме ликвидирале и ти би останал сосем настрана од сево ова и онаа работа со која јас те држам в раце не би имала такво дејство, како кога би загинал од твоја рака?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Не сака да загине со недовршена работа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некои рекоа дека од своја граната загинал.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ни ветер се дигна над морето под небото
ни птиците се вратија, ни топлите времиња
ни јазикот се поднови, ни смислата
ни миговните богови збор зедоа ни загинаа
- предметите, луѓето и соништата безобѕирни
просторот и горчината да ги размножат
и душата да ми ја изнесат на видело
како разговор во акропол
та да не смее да биде сама
а да сака,
Но
мислата ми се воздигна
кога Го видов!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Другарите кои загинаа го исполнија својот долг. Ние треба да го исполниме нашиот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И така, како некој постојано да ме тера да загинам, а јас постојано да одам за да останам жива.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогаш чув дека и брат ми загинал. И за него си поплакав.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се чу дека загинале многу луѓе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Чувствувајќи го само стравот што ги правеше малечки, малечки до загинување, чекаа да биде што ќе биде.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И кога пак на грчки ѝ го читале писмото за двајцата внуци кои лани останале меѓу карпите на Клефтис во Грамос, дека и тие јуначки отстоиле за славата на Грција, тогаш нејзиното срце не дознало гордост, не почувствувало достоинство, туку се згрчило во непреболот и во навредата затоа што тие, имајќи своја земја, свои корени натопени со крвта на толку други јунаци, во писмата и пишувале оти загинале како Грци за Грција, а неа затоа што не го знае грчкиот јазик и в црква не го разбира попот грчки и не знае на грчки да му се моли на Бога, ја презираа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)