загледа св.

загледа (св.)

Човек кој би ме посматрал ако се загледа поскоро би видел како стрелката на часовникот се движи. Сепак морам да одам. Не смеам да застанам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа сега го исправи своето главче и зачудено се загледа во него со своите ведри очички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
си ја сонувам свадбата своја на бродот, над мене крикаат галебите и ме удираат со клунот и со крилјата, ми го туркаат венчето и ми го дрпаат превезот, ќе удрат во мене, па ќе удрат со мевот во морето, ќе се лизнат, замрешкувајќи ја водата со ноктите, јас се бранам вака, со двете раце се бранам, а Горачинов си ги прекрстил рацете на градите и од место не се помрднува, што се вели, се загледал некаде, гледаат и морнарите, что такое, что такое, велат, они праветрение, извеани, изветреани нѐ прават, оти не си до мене, му велам на Горачинов,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Однадвор беше посакувана жена во која се загледуваа и оние кои сѐ уште не ја беа совладале азбуката на љубовта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По тоа пак си легна на грб и загледан во небото посипано со ретки ѕвезди си зарупка слатко од зелката.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се бев загледал внимателно во сенката што за момент ја зафати едно валмо светлина но ништо конкретно не забележав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа долго и без цел се влечеа низ сивилото на улиците бесмислено загледувајќи ги минувачите в очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се загледав сега во сарделата и забележав дека лисјата ѝ венеат и ливчињата од цветовите брзо отпаѓаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И сѐ така: не обраќајќи внимание на никого и ништо, загледан вземи ќе се покаже и ќе одмине...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Од рацете уморни одлета жолтиот срп и потпран на ридот се загледа в тихиот крај...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ако добро се загледаш, можеш да откриеш и нешто пријатно; долж реките игриво, весело и расцрцорено летаат едни златни ластовички кои толку убаво стојат на црната подлога.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ситниот лимар затропа со дрвените налани и ме осветли со џебна запалка; ми ја раскопча кошулата и се загледа во пликовите на моите гради.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги залепивме носињата на стаклото и се загледавме во шарените книжни пари.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Одново и одново се загледувам во нејзините очи, во лицето и челото ишарани со брчки и покорно, наведнувајќи глава ѝ бакнувам раце и ... занемувам од восхит...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Велгоштанецот овде запре, постоја малку, се загледа во далечината и длабоко воздивна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја фати меко за брада и ѝ се загледа в очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Па дури и уплав да те фати како ќе се вратиш со кајчето... замолча дедо Петре загледан кон Езерото - од час на час миговно ќе болсне рипче и пак ќе се нурне во стишените води.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Долгите раце ги држеше во џебовите и се потпираше на багремово стебло загледан во ретко посеаните капки по темното небесно кадифе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Двајцата се загледаа пред себе да видат погодно камче, но немаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се потпре до ѕидот и се загледа горе по улицата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе