заглувне (св.)
Се одлачуваа од ноќта сосема тешко, црни и бездомни како неа, искрснуваа заглувнати, чиниш некакви притулени далечни искрења во таа темница, за потоа да почнат да се приближуваат, сосема бавно, токму онака како што беше потребно, за да се заборави на сѐ друго, освен на тоа нивно наидување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не помина многу, камионот експлодира. Дури и сега ми се заглувнати ушите.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
А во далечината заглувнуваше песната: „Жали, моме, да жалиме...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)