загнезди (св.)
И додека се грееше на својот оган, што се загнездуваше добро на неговата бука, дури и потплуснувајќи исто онака весело и пријателски, како дома, тој почна и да разговара со својот сосед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во палмите крај разиграно море мртвило се загнезди...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Таа трпеливо ги бараше во него сите оние места, низ кои што можеше да се вовлече и уште подлабоко да се протне, за таму во неговата срцевина да може да почне да се загнездува и да ги снесе тука своите змиини јајца на сомневањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се загнезди ли таа зад неговото чело до крај, во исто време и на прекусиот и на предолгиот живот?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Остануваше со неразјадена поврвнина и под јужниот снег, имаше цврсти корени и во скочанетата земја, неговиот проник го имаше склештено сиот горен дел од пиланата, исполнувајќи ја и буката, а тој се наоѓаше загнезден и во внатрешноста на пиланата, во него беа склештени и сите делови од машинеријата, што доаѓаа во допир со водата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Умира и се менува со нов, ни тој не може да му одолее на летниот валцер... ен два три...ја загнездил мама во себе и танцуваат, танцуваат...ен два три...ен два три...како е можно да не те повлече таа неумолива, таа безгрижна вртелешка...ен два три... нашето страдање е и радост и ново раѓање...ен два три...смеата нека е смела и брза – повеќе да дава помалку да чува...ен два три... зборовите сакати се, мислите немоќни се губат – кога сме плен на тонот снен...ен два три...ен два три...моите бледолики родители меѓу исончаните мускули на танцувачите меѓу црвените жици на решетките...ен два три...ен два три...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Можеше да се обиде да најде уште некоја потпора за своето тело во подебелите ветки околу себе, да се загнезди меѓу нив колку што му беше возможно тоа во неговата положба на закачен, а за да сето време секое негово движење се престоруваше во растреперена напнатост, така што еднаш беше принуден докрај да се смири и само да трае.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И кога Борис Калпак се обиде да се урне со сиот бес што го собирал во грлото, во крвта, во срцето, на предолгиот пат од Кукулино до оваа куќа во која се загнезди нашата коба, во која таа коба стана несреќа на недолжни луѓе, навистина кога Борис Калпак ги крена рацете кон очите на бегот, во истиот миг кога старчето водено од претчувство се склопчи во огништето, еден од слугите ја подаде раката продолжена со црна кубура.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сега веќе не можеше да ѝ избега на болката, што почна уште одамна да му се загнездува во неговите зглобови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тие овде си ја загнездија својата судбина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ја загнезди судбината на брегот на Езерото со семејството што го создаде.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во срцето пак почна да му се загнездува несигурност, очаеност. Помош од никаде!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)