загорен (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Човекот ја одметна забратката и на загореното од сонце и ветришта лице се белнаа јадри заби.
        
      
    
    
    
      „Пустина“
         од Ѓорѓи Абаџиев 
        (1961)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          За делнички и аргатски денови леб се месеше од мешано - пченично, ‘ржано и пченкарно брашно и пешниците се печеа во добро загорената фурна, поставена скраја од дворот.
        
      
    
    
    
      „Големата удолница“
         од Петре Наковски 
        (2014)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А од загорено млеко  не бидува добра бела боја, велат сликарите.
        
      
    
    
    
      „Светилничар“
         од Ристо Лазаров 
        (2013)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ќе ве излупам од господ, ќе ве истружам како загорено тесто од тенџере и дното ќе го светнам со жица.
        
      
    
    
    
      „Одбрани драми“
         од Горан Стефановски 
        (2008)