загреб (м.)
Чако фрла загребиње и ги прилајува џандарите, јас го карам кучето и им велам: не ве познава.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ѝ телефонирам на мама во Загреб. Исто е како кога замина. Повторно удираат на Дубровник.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Почнувајќи од 1971 година, со Случајни минувачи кои ги сретнав во 13:15, 16:23 и 18:11 во Загреб, што се состои од серија фотографии на минувачи снимени во наведените времиња, зголемени на 2x3м и закачени на централната фасада од главниот плоштад во Загреб, Димитријевиќ изложува џиновски фото-портрети на непознати лица кои ги сретнал случајно, на јавни места и во формат што обично се поврзува со рекламирањето и политичката иконографија - како билборди, на автобуси, во метроа, на фасади од згради, итн.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Текстовите по истиот редослед по кој се наоѓаат во книгата настануваа во Амстердам, Middletown и New York од октомври 1991 до јуни 1992, двете писма како и овој крај кој служи како почеток - вметнати се во ракописот малку подоцна: во август истата година, но тогаш веќе во Загреб.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)