загрее (св.)
Мојата прва тешка физичка работа ми ги загреваше дланките но копав и го следев движењето на мојот постар другар.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Го разгори огнот, ги загреа малку рацете и нозете, па легна изѕемнат и во душата и во телото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се загревам со двосмисленост. Елоквентните забелешки ја истегаат дискусијата.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
- Ракијава ме загреа. Ќе побарам поток и ќе се измијам. А можам и кошулава да си ја исперам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако бидеш работлива, ќе се загрееш, се цери на тоа студот во маглушината.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мајчина душичка
- упатство за чај –
Се пие вудве или насамо
но не претерано често
се зоврива, по правило покриен
во земјени, бронзени или керамички
садови, дома
во таа топла и задимена чајџилница
на прекипнувањето:
преку, отаде, и пред тоа, и потоа;
потпивнувај, загревај се
додека е жежок
додека си желна
шмркај, шмукај (наши сме)
напари се
задржи го колку што можеш подолго
в уста, шлапкај со јазикот
миризливоста, сладоста
и краснописот на длапката
да ги сети-ш;
дотурај пополека, измешај го со лажичката
желба за чај – жалба за младост
секоја планина – своја падина
потсркнувај
чај – Бах
чај – Жар
чајни печива
мед и путер;
чајот не се пие од-нога
пиј кроце, голтка по голтка
г’тка по г’тка
меѓу редови.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Кога ќе настапи зимата, китените сватови да можат да се загреат и да се поткрепат со црвено вино...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Зборовите најпрвин се кршеа на делчиња, па се толчеа, се загреваа на алуминиумска фолија и потоа се вдишуваа, како најфин парфем.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Пукам, којзнае кај пукам, а цевката се загрева, ме дожежува на прстите. Фала му на дождот што ја лади.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Детската соба се загреваше со некаква голема печка на дрва, која со своето баботење ја засилуваше и така топлата и безбедна атмосфера внатре, во куќата, наспроти студот на улицата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И сѐ додека пред себе отвораше видик, таа се загреваше и толку се стопли, што ја откопча јаката од излитениот шинел, го олабави појасот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Само в крчма се опушта, па се загрева однатре и се растопуваат стегите што го држат во замолченост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Јас веќе почнав да го вежбам тројното салто на палачинката, го вклучив засилувачот да се загрее и го подготвив твојот омилен репертоар на стари, забавни, македонски, најубави...
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Со одминувањето на времето, пијалокот ја загреа, нејзината напнатост почна полека да омекнува, погледот да ѝ ја губи острината, лицето да ѝ се ослободува од грчот, снагата да ѝ се размрдува и со прстите да потчукнува на масата под тактот на музиката од грамофонот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Вратата се отвара со тресок, и сега во позадина јасно се слушаат звуците на блех оркестар, како полека се загрева.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Ќе се разбудевме во ноќта и ќе почувствувавме како студеникавиот воздух се загрева, ќе почувствувавме оган во ветерот или ќе видевме како ѕидовите за миг горат со светла боја, и тогаш знаевме дека неговата ракета е над нашата куќа -- неговата ракета, додека дабовите се лелеат од воздушниот удар.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Светлоста на знаењето нема во себе топлина; оној што само знае, а не верува во Бога, чтение врши така што се лизга само по буквите и зборовите, како светлината месечева што се лизга по карпата, не навлегувајќи во нејзината утроба и не стоплувајќи ја, затоа што таа светлина, студена, никогаш не ќе може да ги загрее душите на зборовите, да ги оживее и да ги разбере вистински, со срце, а не со разум.“ Мислев дека сонувам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но оние што одлучуваат сѐ уште се загреваат, пред да почнат да го опремуваат теле-секторот како со техничка, така и со идеолошка инфраструктура.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Иако имаа коњи, патниците одеа пешки, за да се загреат.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ѝ пречи туѓиот здив што го загрева тилот, туѓото тело што го допира грбот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)